Косово: Британските војници во составот на КФОР патролираат долж граничната линија на Косово

October 23, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Војниците од Велика Британија кои неодамна пристигнаа како засилување за КФОР патролираат по граничната линија на Косово, јавува Анадолу.

„Британските војници од стратешките резервни сили на НАТО патролираат по граничната линија и обезбедуваат инженерски средства за да помогнат во подобрувањето на безбедноста во локалното училиште во Косово“, се вели на Фејсбук страницата на КФОР.

Се додава дека единицата била мобилизирана по зголемените тензии во Косово, за да се обезбеди способноста на КФОР да го исполни својот мандат за одржување на сигурна и безбедна средина за сите заедници во Косово.

На почетокот на октомври, контингент од 200 британски војници пристигна во Косово за да ја засили мировната мисија на силите на НАТО во Косово (КФОР), по насилниот напад врз косовската полиција на 24 септември и зголемените тензии во регионот. Војниците од првиот баталјон на Кралскиот полк на принцезата од Велс се приклучија на тогашниот британски контингент од 400 војници стационирани во Косово.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Салман Ружди при доделувањето на престижната германска награда за мир повика на одбрана на слободата на изразување

Следно

Потресни снимки: Палестинско момче по име Халид ги бара телата на загинатите членови на семејството

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop