Кошта во тридневна посета на Бугарија, меѓу темите за разговор и проширувањето на ЕУ

April 27, 2025
1 min read

Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста од денеска до вторник ќе престојува во посета на Бугарија во чии рамки со највисоките претставници на бугарските власти ќе разговара за клучните приоритети на ЕУ, регионалната стабилност и важноста од координирана акција за справување со заедничките предизвици.

– Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Бугарија за да разговарам за приоритетите на Европската Унија и да дознам повеќе за придонесите на земјата во нашите заеднички напори за поттикнување на иновациите и градење на позелен и попаметен континент. Со нетрпение очекувам да видам со свои очи како нашите заеднички политики се преточуваат во реални, најсовремени проекти кои им користат на животите на луѓето и го подобруваат нашиот заеднички просперитет, изјави Кошта во пресрет на посетата.

Претседателот на Европскиот совет истакна дека одбраната и конкурентноста „одат рака под рака“ во напорите за зајакнувањето на европската економија, подобрувањето на безбедноста и зајакнувањето на територијалната кохезија.

– Силата на ЕУ лежи во единството. Само со здружување на нашите вештини и способности можеме да се справиме со нашите сегашни предизвици и да обликуваме одржлива, конкурентна и безбедна иднина за сите Европејци, додаде Кошта.

Како што соопшти Европскиот совет, предвидено е за време на престојот во Бугарија, Кошта да се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев и со премиерот Росен Жељазков. Со нив Кошта ќе разговара за тековните и идните активности во неколку области, вклучувајќи ја европската одбрана, поддршката за Украина, конкурентноста, миграцијата и проширувањето на ЕУ.

Кошта ќе се сретне и со локални лидери, бизнис иноватори, студенти и истражувачи, при што ќе ја „потврди посветеноста на ЕУ за поддршка на стратешките сектори на Бугарија и нивно интегрирање во пошироката амбиција на Европа за зголемување на нејзиниот просперитет, одржливост и отпорност“.

– Претседателот Кошта, заедно со премиерот Жељазков, ќе има можност да посети неколку важни индустриски и технолошки центри. Посетата ги одразува тековните напори на ЕУ за зајакнување на одбранбените капацитети на Европа, поттикнување на иновациите и конкурентноста и спроведување на зелената и дигиталната транзиција, се наведува во соопштението.

Предвидено е Кошта да ги посети фабриката „Арсенал“ во Казанлак, која е водечки бугарски производител на оружје и муниција, како и Центарот за аквапонија при Универзитетот „Тракија“ во Стара Загора, каде се спроведуваат врвни истражувања за аквапонија, како дел од напорите на регионот за диверзификација на својата економија и остварување на амбициите на ЕУ за зелена транзиција и обезбедување на одржливо производство на храна и на нејзина безбедност.

Кошта ќе ги посети и Пловдив, уметничкиот центар Филипополис и Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологија (ИНСАИТ) во Софија, во чии рамки се наоѓа една од шесте европски фабрики за вештачка интелигенција и кој придонесува за тековните напори на ЕУ за поттикнување на иновациите во овој сектор согласно со неодамна објавениот „Акциски план за континентот на вештачката интелигенција“.

– Овие посети го истакнуваат разновидниот придонес на Бугарија кон стратешките цели на ЕУ и ја покажуваат важноста на улогата на локалните експертски знаења во европското зајакнување, се додава во соопштението.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија денеска на хуманитарен натпревар за Кочани

Следно

Замреа активностите за новиот скопски парк, по зимската офанзива со месеци нема поместување

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop