Кошаркари на Партизан во општа тепачка пред ноќен клуб во Белград (ВИДЕО)

May 6, 2025
1 min read

Ноќта помеѓу недела и понеделник, во Белград се случил голем инцидент и тепачка во која учествувале четворица кошаркари на Партизан. Двајца учесници во тепачката се полесно повредени, а еден има тешки повреди.

Како што повредените ѝ кажале на полицијата, во ноќниот клуб биле Карлик Џонс, Стерлинг Браун, Исак Бонга и Френк Нтиликина.

Инцидентот наводно се случил кога кошаркарките станале за да ги заштитат девојките кои постојано биле навредувани од една група.

– Ги провоцираа тие девојки само затоа што беа во друштво на кошаркари. Ми се чини дека биле навредувани и на расна основа, односно ги повикувале девојките и ги прашувале што прават со момчиња со темна кожа. Потоа го напуштија клубот и ги чекаа кошаркарите надвор, каде што избувна општа тепачка – рече еден од сведоците.

Спортал понатаму го опишува инцидентот:

„Полицијата добила повик околу 5:30 часот и излегла на теренот каде што пронашла тројца повредени мажи, М.К., Н.Ј. и Ј.К. Споменатите лица веќе дале изјава во полицијата и тврделе дека играчите на Партизан биле актери во тепачката. Брзата помош исто така реагирала, повредените млади мажи биле пренесени во Ургентниот центар. Ј.К. и Н.Ј. имале полесни повреди на главата, а М.К. скршен прст. Кошаркарите на Партизан не била на местото на настанот, но се очекува ди тие да дадат изјави за инцидентот.“

Никој од КК Партизан сè уште не проговорил за инцидентот.

На снимка од тепачката објавена на социјалните мрежи наводно се гледа како Карлик Џонс со шише удира човек во главата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ајдари во 24 анализа: Мицкоски не покажува способност да води мултиетничка држава и сака да биде тутор на албанската политичка сцена

Следно

Променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и ветер!

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop