Кос: Владата во Скопје има одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ, единствен начин е да се да се усвојат уставните амандмани

July 9, 2025
1 min read

Пристапувањето кон ЕУ е клучен двигател за спроведување на најважните реформи, па затоа е важно Македонија да продолжи да напредува во пристапниот процес, пред се, со спроведување на уставните измени, изјави вечерва еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.  

– Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ и да го искористи моментумот на проширување што е очигледно, постои. Ние продолжуваме да ја поддржуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, истакна Кос. 

Таа нагласи дека со овој Извештај ЕУ дава јасна порака за поддршка на европскиот пат на земјата, но ги наведува и условите кои се потребни за таа да се придвижи напред.

– За време на моите разговори со лидерите на Северна Македонија во Скопје, минатата недела, ја истакнав нашата посветеност како ЕУ да ја поттикнеме земјата да продолжи напред во процесот на пристапување. Исто така, во неколку наврати, потсетив на потребните чекори што треба да се преземат за да се отворат пристапните преговорите за кластерот „Основани вредности“. Единствен начин за тоа е да се усвојат уставните амандмани, рече Кос. 

Таа потсети дека земјава до Европската комисија веќе доставила ажурирани патокази за владеењето на правото и за реформа на јавната администрација, дека продолжува да работи на акцискиот план за заштита на малцинствата, како и дека зазела проактивен пристап во однос на Планот за раст на Западниот Балкан, со што беше првата држава од регионот на која и беше исплатено претфинансирање во рамките на Реформската агенда. 

– Овие напорите не треба да запрат тука, бидејќи спроведувањето на реформите е од суштинско значење, истакна еврокомесарката. 

Таа нагласи и дека земјава останува посветена на целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, со што ги потврдува нејзините конзистентни и долгорочни европски аспирации. 

– Извештајот за Северна Македонија дава сеопфатна и избалансирана проценка на ситуацијата во земјата, вклучително и во клучните области, како што е владеењето на правото. Северна Македонија треба да ги засили реформите, особено во областа на прашањата за основните права и треба дополнително да го зајакне владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата и да ја реформира јавната администрација, рече Кос. 

Таа воедно упати и благодарност до Европскиот парламент за, како што рече, неговиот постојан ангажман во зајакнувањето на демократските процеси во земјава и неговата клучна улога во охрабрувањето на сите политички сили конструктивно да работат заедно на унапредување на нејзиниот пристапен пат. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Тајрис Халибартон ќе ја пропушти целата претстојна НБА сезона

Следно

Од утре пад на температурите

Latest from Blog

ШТО Е ГОСПОД НЕ Е НИКОЈ! На попот Миладин му ја украле колата, но после две недели се случило чудо

Свештеникот Миладин Спасојевиќ (75) од Кикинда, протовикар на храмот „Свети Отец Никола“, останал ебз кола. Крадци му го украле автомобилот од дворот на неговата куќа среде бел ден, а потоа му го

Лабудовиќ: Со Билјана Ивановска имаме иста визија за Центар, верувам дека нејзините гласачи ќе ме поддржат на 2 ноември

Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ е убеден дека мнозинството од граѓаните на Центар ќе му ја дадат довербата на 2 ноември да ја води општината во следниот четиригодишен мандат. Центарци
Go toTop