Корубин во СТУДИО 10: Проблематизирањето на сите договори практично значи блокирање на европскиот пат на државата

May 16, 2024
1 min read

Нема дилема дека новата претседателка Гордана Силјановска Давкова го прекрши Уставот и Преспанскиот договор кој е постигнат со посредство на ОН и е стратешки договор за конечно решавање на проблемот со Грција. Кршењето на сопствениот Устав нас треба да не загрижи, а особено неможноста на нејзините поддржувачи да се носат со последиците, вели поранешната пратеничка Никица Корубин во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Заклетвата се состои од усмен и пишан дел и тие треба да се совпаѓаат. Мислам дека е во право министерот за правда Кренар Лога кога вели дека заклетвата е ништовна и дека треба да се повтори, вели Корубин.

Таа потенцира дека името Северна Македонија е ерга омнес, значи се применува и за домашна и надворешна употреба и стапи на сила во истиот момент кога беше променет и затворен Уставот без оглед дали некои закони се уште не се усогласени.

– Верувам дека госпоѓа Давкова е свесна дека го прекрши Уставот, а Преспанскиот договор исто така е и дел од преговарачката рамка. Претседателката сака да порача дека е дозволиво континуирано да се крши Уставот во највисокиот законодавен дом. Која е намерата? Дали е тоа игра на добриот и лошиот. Дали некој ќе биде патриотот а некој ќе биде пофлексибилен? Дали со ова Силјановска Давкова му ја олеснува или отежнува работата на Мицкоски?, вели Корубин.

Корубин вели дека истиот став го има и за претставниците на власта кои го користат името Македонија наместо Северна Македонија. Тие и со толерирање на неупотребата на уставното име постапуваат двојно и испраѓаат различни пораки загрозувајќи го статусот на државата.

– Грција изгреагира но не толку бурно затоа што оставаат простор. Преспанскиот договор не е само билатерален договор туку ја дефинира државата и нејзиниото постоење во меѓународниот поредок. Опасн е релативизирањето со изјавите дека тој ќе се ревидира. Грција сега очекува да види како ќе постапи извршната власт и дали ќе се освестат. Проблематизирањето на сите договори практично значи блокирање на европскиот пат на државата, вели Корубин.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови

Следно

Епл ги врати дикпиксот што сте ги избришале од Ајфонот

Latest from Blog

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената

Коњановски: Поголема поддршка за одвикнување од пушење во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво. Настанот

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

(Скопје, 25 март) – Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, ќе одржи уникатен настан „Камион со ќебапи“ во Скопјe, Македонија. Од 10:00 часот наутро до 16:00
Go toTop