Копенхаген – Град на историја, забава и иновација

November 15, 2024
1 min read

КОПЕНХАГЕН (АА) – Копенхаген, данската престолнина, познат како „градот на трговците“, привлекува посетители од целиот свет со уникатната комбинација на историја, култура и современ живот, јавува Анадолу.

Со една од најпознатите статуи во Европа, два од најстарите забавни парка во светот и централна област полна со бои и дух, Копенхаген е место каде што се спојуваат класиката и модерното.

Меѓу најпознатите симболи на градот е бронзената статуа на Малата сирена на Едвард Ериксен, која се наоѓа на брегот на Лангелиние, а прикажува сирена што станува човек. Оваа статуа ги привлекува посетителите цела година и ја претставува магичната страна на Копенхаген.

Градот е дом на два од најстарите забавни парка во светот, а најпознат е Тиволи Гарденс.

Сместен во срцето на градот, до централната железничка станица, Тиволи е магнет за туристите, со годишна посетеност од над четири милиони луѓе.

Посетителите можат да уживаат во неговата уникатна атмосфера, возбудливи атракции, ресторани и концерти.

Прочуеното пристаниште Нихавн (Новиот канал) е уште една култна локација, симбол на трговската историја на градот. Оваа област од 17 век, со своите шарени фасади, е задолжително место за посета.

Денес Нихавн е познат по многубројните кафулиња, каде што посетителите може да уживаат во оброк и пијалаци.

Во зимскиот период Нихавн станува божиќен базар што го нуди најдоброто од данската традиција и гостопримство.

Кралската палата Амалиенборг е резиденција на кралицата на Данска и претставува значајна туристичка атракција. Палатата се состои од четири барокни згради, распоредени околу голем плоштад, а две се отворени за јавноста. Неизоставен дел е и смената на стражата што се одржува секој ден напладне.

Копенхаген е познат и по модерната урбана архитектура, како што е Копен Хил – центар за производство на енергија и рекреативен простор со ски-патека, пешачки патеки и ѕид за качување. Овој уникатен проект ја претставува посветеноста на градот кон одржливост и иновации.

Островот на хартијата, исто така, има важна улога за градот, од бродоградилиште и воена болница до складишта за јаглен и хартија.

Повеќето копенхагенци го помнат како место каде што биле складирани хартии и токму ова му го дава името Остров на хартијата.

Копенхаген е редовно рангиран како еден од најсреќните градови во светот, а се издвојува со смирениот ритам на живот и либералните социјални ставови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лимани: Градинката „Младост“, Тетово доби 42 нови вработувања, со новиот објект „Рилиндја“ листите на чекање за упис во градинка ќе бидат минато

Следно

Туркије и Азербејџан потпишаа договор за соработка во туризмот

Latest from Blog

Министерството за енергетика ги реализира планираните чекори од Реформската агенда 2024–2027

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно ја спроведува Реформската агенда 2024–2027 во областа на енергетската транзиција, истовремено реализирајќи ги реформските активности и усогласувајќи ја националната регулатива со европското законодавство. Како

Берзански извештај: Индексот МБИ10 во благ пад, промет од 7,4 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.423,43 поени. Во

Божиновска: Инвестиции во енергетска обнова и мерки за пониски трошоци за граѓаните

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информираше дека Министерството интензивно работи на реализацијата на обврските од Реформската агенда, нагласувајќи дека реформите се оценуваат преку конкретни резултати, политики и инвестиции
Go toTop