Конзервативците ја победија Сана Марин на изборите во Финска

April 2, 2023
2 mins read

Сана Марин, која ќе треба да замине од премиерската функција, за кратко време стана една од највпечатливите жени-лидери на планетата. Кога изби на политичката сцена во 2019, таа стана најмладата лидерка во светот. Застана на чело на коалиција од пет партии предводени од жени

Конзервативниот лидер Орпо, кој ќе треба да ја наследи, најави дека ќе почне преговори за формирање нова влада. Меѓутоам за да оформи коалиција, според проекциите, ќе треба да собере повеќе од 50 пратеници од останатите партии

Лидерите на трите првопласирани партии на изборите во Финска: Рика Пура (лево), Сана Марин (средина) и Петри Орпо (десно) / Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Финската премиерка Сана Марин, која доаѓа од редовите на социјалдемократите, ги загуби парламентарните избори.

Националната коалициска партија на чело со конзервативниот лидер Петри Орпо победи освојувајќи 20,8 отсто од гласовите. Веднаш зад него е десничарската популистичка Финска партија на Рика Пура со 20,1 отсто освоени гласови.

Партијата на Сана Марин заврши третопласирана со 19,9 отсто.

„Тоа е голема победа. Ќе почнеме преговори за формирање влада“,

рече 53-годишниот Орпо.

Набргу откако тој прогласи победа, Марин ги призна резултатите.

Во Финска, партијата што ќе освои најмногу гласови го добива премиерското место под услов да може да формира коалиција. Финскиот систем на пропорционална застапеност бара коалицијата да собере повеќе од 50 отсто пратеници односно најмалку 100 плус 1 во 200-члениот парламент.

Иако Орпо вечерва слави, прогнозите покажуваат дека ќе му недостигаат повеќе од 50 пратеници за да направи мнозинство во парламентот. Имено, според проекциите за распределба на пратеничките мандати што ги објавија финските медиуми, партијата на Орпо најверојатно ќе има 48 пратеници. Популистичката Финска партија 46, а социјалдемократите на Марин ќе бидат застапени со 43.

Сана Марин / Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Сана Марин, која ќе треба да замине од премиерската функција, за кратко време стана една од највпечатливите жени-лидери на планетата. Кога изби на политичката сцена во 2019, таа стана најмладата лидерка во светот. Застана на чело на коалиција од пет партии предводени од жени.

Сега, Марин има 37 години. Таа ја доведе нејзината земја до членство во НАТО од што Финска ја делат само неколку дена откако и последната земја-членка на Алијансата, Турција, го одобри пристапниот протокол.

Под нејзино раководство, а поради инвазијата што соседна Русија ја започна врз Украина, Финска ја смена политиката на воена неутралност и реши да пристапи во НАТО. За одговорот на нејзината земја на руската војна, Марин добиваше само пофалби од западните сојузници и демократските земји.

Нејзината безбедносна политика не се гледа како причина за изборниот резултат бидејќи повеќето фински партии го поддржаа членството во НАТО. Она што беше меѓу главните прашања во изборната кампања, и можеби е „виновникот“ за ваков резултат, според дел од медиумите, е јавниот долг на Финска.

Една од последните ситуации кога Марин беше мета на критики од противниците и се најде во центарот на вниманието на финската, но и светската јавност, беше кога минатата година се појави видео на кое таа пие, пее и танцува на забава. Меѓутоа, тогаш таа зад себе доби „армија“ поддржувачи кои сметаа дека критиките всушност се сексизам, па жени и девојки од различни краеви на светот на социјалните мрежи споделуваа видеа како танцуваат во знак на солидарност.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реакции од Бугарија: Молк од главните актери вечерва по пат-позицијата што ја донесоа изборите

Следно

Навивачите на Рома го навредуваа Станковиќ, Мурињо ги смируваше (ВИДЕО)

Latest from Blog

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна

Николоски: Од 1 мај директни летови Скопје–Тиват, двапати неделно

Македонија и Црна Гора ја продлабочуваат соработката, а првиот конкретен резултат од договорените активности е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват, која ќе започне да оперира од 1 мај следната
Go toTop