КОНЦЕРТИТЕ ВО СКОПЈЕ МИ СЕ ПРИЧИНА ЗА РАДОСТ ПО СИТЕ ЛОШИ ПРИВАТНИ НЕШТА КОИ МИ СЕ СЛУЧИЈА, ВЕЛИ ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ КОЈ СЛАВИ 50 ГОДИНИ КАРИЕРА

April 14, 2025
2 mins read

Со два концерта во Филхармонијата, на 9 и на 10 мај, легендарниот македонски готарист Влатко Стефановски ќе слави 50 години кариера. Уметникот со богата кариера денеска на на прес-конференција во Скопје рече дека не сака да се враќа назад и да прави ретроспектива на она што го направил, но  го радуваат наградите и ситните гестови.

Новиот албум во издание на „Кроација рекодрс“, „Лондонска сесија“ (London Session) Стефановски го сними  во славното музичко студио „Аби роуд“ во Лондон.

Стефановски денеска рече дека е среќен сум што има на што да се радува, по сите лоши нешта што му се случија на приватен план. Неговата сопругата Гордана почина на крајот од 2017, а рат му, прочуениот драмски писател Горан Стефановски, по кусо боледување почина во 2018.

„Благодарение на мојот покоен брат Горан Стефановски, јас од мал сум инфициран со музиката на ‘Битлс’. Снимавме во студиото каде што се снимени најдобрите албуми на ‘Битлс’, на само четири канали. Паркетот не е сменет од 1950-тите години, уште ги има дупките од опуштоците кои ги оставил Пол Макартни. Албумот го режеше Шон Маги кој работеше со Битлс. Кога го прашав дали тој ќе работи и на овој албум, ми кажа дека во тој момент, влажноста во студиото е 50 проценти, и ќе почека да се намали на 40 па ќе работи. Ете, затоа кај нив тоа перфектно функционира“, рече Стефановски.

На прес-конференцијата дојдоа и претставничката од „Кроација рекордс“ Клаудија Чилар од Загреб и организаторот на концертот, менаџерот Томислав Кашљевиќ, од „Мјузик тајм“ од Загреб. Кашљевиќ рече дека со Влатко Стефановски е лесно и тешко да се работи. Лесно, затоа што тој откако ќе му се исполнат сите организациски услови дава сѐ од себе, полни сали и луѓето што го слушаат ги прави среќни, а тешко оти не е лесно да се исполни и она што се бара.

Стефановски ги пофали музичарите од неговото трио, Јан Стефановски и Иван Кукиќ.

„Некои ќе речат дека Јан го протежирам затоа што ми е син, но тој го заслужи местото во триото. А Иван Кукиќ е едно чудо од музичар. Кој инструмент сакаш дај му да свири, тој ќе отсвири, а и ќе отпее. Пред седум години, како многу млади ги фрлив во ладна вода, на голема сцена, како предгрупа на Стинг и ја оправдаа довербата“, кажа Стефановски.

И Дамир Имери го нарече чудо од музичар кој лесно одговара на сите предизвици. Имери гостуваше на балканските концерти на Стефановски, а ќе гостува и на скопските, заедно со Момчило Бајагиќ-Бајага, македонскиот кларинетист Горан Бојчевски кој живее во Словенија, Кукиќ и Јан Стефановски и трио „Струмица“ како придружни вокали.

„И по 50 години, јас уште си давам задачи да се воодушевувам, да направам нешто на што ќе си речам ‘уау’. Имам добиено многу награди, но ме водушеви гестот на Младен Воичиќ-Тифа кој ми подари рачно изработен накит. И конечно, добив жици ‘инфилс’ со свој потпис, тоа многу ме радува“, рече Стефановски.

Прес-конференцијата ја водеше музикологот Бранка Костиќ-Марковиќ која рече дека по сите лоши нешта кои ни се случија изминатиов период, концертите на музичари како Стефановски и Симон Трпчески се знак на надеж.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зидан бил импресиониран од Модриќ и Бензема

Следно

Почина нобеловецот Марио Варгас Љоса

Latest from Blog

Речиси 900 сметки во швајцарска банка се поврзани со нацистите, истрагата ја споменува и Аргентина

Тој зборуваше пред сослушувањето на Сенатскиот судски комитет за улогата на банките во олеснувањето на Холокаустот, додавајќи дека се откриени и нови детали за шема за помагање на нацистите да избегаат во

Кои две земји во ЕУ имаат најстари работници?

Работниците во Германија стареат. Германија има најстаро работно население во Европската Унија(EУ), а речиси секој четврти вработен е постар од 55 години, според податоците кои денеска ги објави Федералниот завод за статистика

„Русија НЕМА НАМЕРА ДА ПОСТИГНЕ МИР“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Киев, изјави дека руските напади врз Украина во текот на ноќта не укажуваат дека Москва е сериозна во врска со постигнувањето

Лефков: Измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор ќе ја зголемат одговорноста и транспарентноста во судството

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за изборот на нов

Протест и во Кочани, граѓани се бунат зaшто полицијата им ги одзела колите

Попладнево, група граѓани излегоа на протести на патот Битола-Ресен и во кочанската населба Трајаново Трло. Тие се незадоволни бидејќи полицијата им ги запленила автомобилите кои ги возеле без возачки дозволи, јавува Радио
Go toTop