Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“

August 4, 2025
2 mins read

Роденденот на годинешното 65 издание на „Охридско лето“ ќе биде прославен со концерт на нашата оперска солистка Ана Дурловски, во пијано придружба на пијанистката Анахит Тер-Татшатјан.

Сопранистката Ана Дурловски студиите ги завршува на ФМУ – Скопје,  а на оперската сцена дебитира како Лучија од Ламермур во истоимената опера на Доницети во Македонската опера и балет, по што ѝ се отвораат и вратите на оперите во Србија, Босна, Хрватска и Албанија.

Во 2006 година Ана дебитира во Виенската државна опера како Кралица на ноќта во Моцартовата „Волшебна флејта“, улога која ја повторува и во Баварската државна опера, Берлинската опера и Германската опера во Берлин.

Од 2006 до 2011 година Дурловски е член на оперскиот ансамбл на операта во Мајнц каде ги пее улогите на Лучија („Лучија ди Ламермур“), Софи („Кавалер со роза“), Музета („Боеми“) и Манон („Манон“). По овој ангажман, Дурловски станува еден од солистите ангажирани во Државната опера во Штутгарт каде нејзината интерпретација на главната улога во „Месечарка“ ѝ ја носи наградата „Фауст“ за најдобра женска улога доделена од германската стручна критика,  а списанието „Опернвелт“ ја прогласува за „откритие на годината“.  Во Штутгарт ги исполнува и улогите на Моргана („Алчина“), Фоли („Плате“), сестра Констанцa („Дијалози на камрелиќанките“), Цербинета („Ариадне“), Виолета („Травијата“), Олимпија („Хофманови приказни“), Елвира („Пуритани“), Норина („Дон Пасквале“).

Во Мадрид настапува како Розина во „Севилскиот берберин“, а е Кралица на ноќта и Олимпија. Во 2014 год.  дебитира во њујоршката опера „Метрополитен“ како Кралица на ноќта, улога која ја одбележува нејзината кариера со која настапува и со Берлинската филхармонија на Фестивалот во Баден-Баден под диригентската палка на Сер Сајмон Ратл, како и во Мадрид, Берлин и на Фестивалот во Брегенц.  Во Дрезден ја исполнува улогата на Џилда во „Риголето“,  а на престижниот фестивал во Бајројт ја изведува улогата на Валдвогел во „Зигфрид“ во 2016 и 2017 година.  Други проекти ги вклучуваат Лучија ди Ламермур во Грац и Хамбург, ја пее главната улога во „Алчина“ во Стразбур и Дармштад и е Маргарита во „Хугеноти“ во Манхајм, како и Дона Ана во Театарот во Билефелд.

Нејзината успешна кариера ѝ носи соработки со познатите светски диригенти и солисти како Сер Сајмон Ратл, Јонас Кауфман, Адам Фишер, Прити Јенде, Рејчел Вилис-Соренсен и др. Активна на концертната сцена, Дурловски настапува со Берлинската филхармонија, Симфонискиот оркестар во Шангај, Оркестарот на Минхенското радио, Филхармонијата во Штутгарт и др.

Пијанистката Анахит Тер-Татшатјан има кариера како солист, камерен музичар и репетитор во меѓународно признати оперски куќи, како и во камерни ансамбли повеќе од две децении.  Меѓу останатите таа е репетитор во Грчката национална опера и балет во Атина каде е и официјален корепетитор на Меѓународниот натпревар за соло пејачи „Гран При Марија Калас“ од 2001 година.  Покрај тоа, таа е пијанист на интернационалните мајсторски курсеви предводени од Гена Димитрова, Шерил Студер, Курт Еквилуц, Нели Мирициоу и Костас Паскалис.

Концертните ангажмани ја водат на сцените низ Европа каде настапува во Швајцарија, Русија, Грција, Италија, Полска и Романија.

Од 2010 година таа е вработена како корепетитор за вокална музика на Универзитетот во Вурцбург, а од сезоната 2012/2013 е и соло репетитор со дел одговорности во областа на диригирањето во Театарот во Билефелд, а настапува и како солист со Филхармонискиот оркестар на овој град.

Концертот ќе се одржува во Катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Oфицијално Лука Дончиќ останува во ЛА Лејкерс

Следно

Родриго ќе го замени Сон во Тотенхем

Latest from Blog

ЛШ: Рашфорд го замолкна „Ст. Џејмс Парк“, Наполи со играч помалку не можеше со Сити (ВИДЕО)

Со два гола на Маркус Рашфорд, Барселона победнички го почна настапот во Лигата на шампионите на гостински терен кај Њукасл, во едно од двете големи дербија вечерва во последните дуели од 1.

Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата

Дали сум им здодеал на кумановци, тие ќе кажат на изборите. Моја обврска е да продолжам да го работам тоа што најдобро го знам, сакам да ги завршам отпочнатите проекти, изјави лидерот

Шмајхел: Од сите голмани, Манчестер Ј. купи голман за кого првпат слушнав

фото: SimplyUtd (X) Легендата на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел, изјави дека неговиот поранешен клуб го донесе погрешниот голман како замена за Онана. Според Шмајхел, тој самиот никогаш не слушнал за Сене Ламенс,

Младите како носители на новиот бран промени во Скопје, велат Ѓорѓиевски и Митески

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, синоќа се сретнаа со младите од Аеродром, во атмосфера исполнета со
Go toTop