Контраофанзивата што пропаѓа и мирот кој можеше да го има

June 21, 2023
2 mins read

Со секој изминат ден, станува јасно дека украинската контраофанзива не успева да постигне ниту една од првично наведените цели.

Потсетување: облогот на администрацијата на Бајден беше дека контраофанзивата ќе ги анулира руските територијални придобивки, ќе го пресече копнениот мост кон Крим и ќе ја принуди Русија на преговарачка маса.

Речиси сигурно, тоа нема да се случи. Напротив, поверојатен е ќор-сокак, па дури и дека Русија ќе заземе повеќе територии и ќе победи во војната, како што предвиде Мершајмер (види: Зошто Запад не сакаше да го слушне ова?).

Кои се сега опциите на Бајден? Или да ескалира или да признае пораз.

Во подготовките за самитот на НАТО во Вилнус, Блинкен го пробуваше предлогот на Украина да ѝ се даде „израелски статус“. Тоа подразбира долгорочни безбедносни гаранции, вклучувајќи оружје, муниција и пари, кои би продолжиле дури и ако Бајден ги загуби следните избори.

Ова не е она на што американскиот народ се согласи. Многу Американци ги поддржаа 100+ милијарди долари за Украина, верувајќи дека тоа е еднократен договор за да се поништат руските територијални придобивки. Ако им беше кажано дека тоа е алиментација на нова војна засекогаш, тие би претпочитале алтернатива, особено ако знаеле дека е достапна.

МИРОТ КОЈ МОЖЕШЕ ДА ГО ИМА

Излегуваат нови докази дека мировниот договор бил блиску на почетокот на војната. На неодамнешниот состанок со африканската делегација, Путин го покажа нацртот на прелиминарниот договор потпишан од украинската делегација во Истанбул во април 2022 година. Тој предвидувал Русија да се повлече на предвоените линии доколку Украина се согласи да не влегува во НАТО (притоа и да може да добие безбедносни гаранции од Запад).

Овој документ сè уште не е јавно објавен, но никој сериозно не оспорува дека постои. Единствениот спор е околу тоа што се случило потоа; Украина (преку Ројтерс) тврди дека договорот се распаднал. Сепак, имање договор заснован на украинската неутралност е конзистентна со претходните коментари на Нафтали Бенет, кој рече дека договорот бил остварлив, но отфрлен од Западот.

Зошто Западот би го направил ова? Украинска Правда (УП), проукраинска публикација, во мај 2022 година објави:

„Штом украинските преговарачи и Абрамович/Медински (руските преговарачи), во Истанбул се договорија за структурата на идниот можен договор, британскиот премиер Борис Џонсон се појави во Киев речиси без предупредување.

„Џонсон донесе две едноставни пораки до Киев. Првата е дека Путин е воен злосторник; треба да му се врши притисок, а не да се преговара со него. Втората дека дури и Украина да е подготвена да потпише договори за гаранции со Путин, тие не се“.

„Можеме да потпишеме (договор) со вас (Украина), но не и со него. Како и да е, тој ќе ги заебе сите“, вака еден од блиските соработници на Зеленски ја сумираше суштината на посетата на Џонсон.

Во времето на написот на украинска Правда, Украина изгледаше добро, па Правда ја прикажа одлуката на Зеленски да ја прифати понудата на Џонсон како паметно коцкање. Сега, во ретроспектива, таа изгледа катастрофална.

ОЖИВУВАЊЕ НА АВГАНИСТАН

Знам дека на некои од вас можеби им е тешко да поверуваат дека реалноста на теренот е толку спротивна со она што го тврдат меинстрим медиумите. Но, вреди да се потсетиме дека американската јавност цели две децении беше уверувана дека победуваме во Авганистан.

Сето тоа се покажа како огромна лага кога авганистанската армија која ние наводно „ја дигнавме на нозе“ се распадна за пар  недели. Во тој момент, наместо од некого да се бара одговорност, медиумите престанаа да известуваат за Авганистан, исто како што претходно престанаа да известуваат за Ирак.

За жал, изгледа дека се движиме кон сличен исход во Украина. Единственото прашање е колку долго Бајден ќе може да ја одржува прокси војната која беше избрана, а можеше лесно да се избегне.

Дејвид Сакс

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Костадиновска- Стојчевска: На Светскиот ден на музиката да ја прифатиме моќта на музиката во целата нејзина разновидност на богатите култури што таа ги претставува

Следно

Палестинска тинејџерка почина од повредите од израелски оган во Џенин, бројот на загинати се искачи на седум

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop