Конечно, некој со предлог Собранието да се намали за 30 пратеници

March 26, 2024
1 min read

Македонија мора да штеди. Штедењето може да почне, да речеме, од многуте функционери кои се на државна плата. Ем се прескапи, ем се многу, ем не видивме некое посебно фајде од нив.

Ама функционерите немаат ваква логика. Не си кратат од своите редови, на се друго се подготвени да скратат.

Но, конечно, еве во ова предизборие опозициската ВМРО-ДПМНЕ има предлог – ветување во овој правец.

Месечна заштеда од најмалку 60.000 евра. Ова би бил првиот и најбрзиот ефект од идејата бројот на пратениците во македонското Собрание да се намали на 90, односно, нивниот број да се скрати за 30, од сегашните 120 пратеници. Идејата која во јавноста се спомнуваше наназад со години сега за првпат се преточи и во изборното ветување на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Првата клучна промена за која очекувам поддршка од сите политички партии е парламент со 90 пратеници, изјави завчера лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски.

Добра иницијатива. Не би требало другите партии да ја игнорираат ако навистина се за поефикасен и поевтин државен апарат. Па нели тоа го зборуваат со години?

За намалувањето на бројот на пратениците постојат и повеќе други аргументи. Така, на пример, последниот попис на населението во земјава (1,8 милиони) покажа дека тоа е намалено за дури 185.834 жители во однос на претходното пребројување. Оттаму, зошто намалувањето на населението не би го следело и намалувањето на бројот на пратениците по примерот на Словенија која по големина е држава слична на Македонија но има само 90 пратеници.

Напоредно со ова, важен е и финасискиот аспект бидејќи намалување и за само еден пратеник носи месечна заштеда од најмалку 2.000 евра, ако не и повеќе доколку се вклучат и други издатоци врзани за пратениците. Намалувањето, извесно, нема значително да ја наруши работата на парламентот со оглед на тоа што не мал број на пратениците ретко доаѓаа на седниците, не се вклучуваа во дебати, не беа активни туку само спроведуваа она за што налози добиваа од партиските централи и лидери. Намалувањето, всушност, ќе ги натера партиите добро да размислат какви се кандидати ќе предложат за пратеници.

Тогаш, извесно е дека околу намалувањето на бројот на пратениците не треба да се има дилеми. Исто како што, од речиси исти причини, треба да се инсистира и кон намалувањето на бројот на сегашните 1.354 институции колку што ги има во рамките на државниот апарат. А тука е посебно прашање колку министерства во рамките на Владата реално и се потребни на Македонија, со колку помалку членови може да функционриаат управните и надзорните одбори, колку раководители и кабинети треба да има по институциите…

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Владата ќе одржи свечена седница по повод четиригодишнината од членството во НАТО

Следно

Словенија на нозе: Во Љубљана слета Кристијано Роналдо

Latest from Blog

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред

Најбогатиот знак во ноември: Очекува зголемување на платата – пристигнуваат деловни понуди

Во ноември, астролошки гледано, Јарецот има најмногу можности за богатство и финансиски напредок. Енергијата на месецот му носи стабилност, нови деловни понуди и шанси конечно да ја отплати напорната работа од претходните

Алиу: После изборните резултати нашата коалиција е сигурна и посилна

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори. Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна
Go toTop