Коњановски: Продолжуваме со развој на локалната инфраструктура во Битола

September 16, 2025
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, соопшти дека најголем дел од барањата на жителите на Долно Оризари се исполнети, со што значително се подобрени условите за живот и безбедност во ова населено место.

Во рамки на неговиот четиригодишен мандат, целосно се реконструирани 11 улици, поставено е ново улично осветлување на влезот во населбата и изградена е пешачка патека која овозможува побезбедно движење на граѓаните.

Коњановски, кој заедно со жителите и претставници на локалната заедница го промовираше завршувањето на инфраструктурните зафати, нагласи дека се работи за конкретни ветувања што биле дадени уште на почетокот на мандатот:

 

„Барањата на граѓаните се наши обврски. Со обновените улици, осветлениот влез и новата пешачка патека, жителите на Долно Оризари добиваат услови какви што заслужуваат“, рече тој.

Инвестициите, како што најави градоначалникот, се дел од поширока програма за развој на локалната инфраструктура во урбаните и руралните средини на Битола.

Видеото од настанот може да се погледне [тука].

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Чоколадна торта со бисквити

Следно

Зеленски подготвен за средба со Путин со посредство на Трамп

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop