Коњановски: Полни трибини за младата репрезентација – Битола живее за спортот

October 2, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва беше дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“, каде младата репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Црна Гора во квалификациите за Европското првенство.

Коњановски оцени дека натпреварот претставувал голем спортски ден за Битола, посочувајќи ја бројната публика како потврда дека битолчани го сакаат спортот и се подготвени да бидат дел од големи спортски настани.

„Битола го сака, живее за спортот и за вакви големи настани под рефлектори на стадионот кој ги има сите услови и за меѓународни натпревари“, истакна Коњановски.

Тој изрази уверување дека и во иднина трибините на стадионот „Петар Милошевски“ ќе бидат исполнети, особено со млади гледачи кои, како што посочи, знаат вистински да се радуваат на големите спортски натпревари.

Натпреварот меѓу младите селекции на Македонија и Црна Гора заврши со резултат 1-1, со што македонската селекција ги заврши настапите на домашен терен во квалификациите за младинското Европско првенство.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Чаир се менува од темел – 1.400 метри нов водовод и целосно обновени улици

Следно

Божиновска: Со интерконекторите и Вертикалниот коридор ја зајакнуваме енергетската позиција на Македонија

Latest from Blog

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата
Go toTop