Screenshot

Коњановски ќе ја унапредува велосипедската инфраструктура во Битола

October 5, 2025
1 min read

Битола се движи кон иднината како модерен, зелен и европски град, а кандидатот за градоначалник Тони Коњановски го промовира проектот „Вело Битола“. Според него, градот ќе се трансформира во вистински Вело град со безбедни и еколошки поврзани велосипедски патеки.

Покрај досегашните пет километри велосипедски патеки, планирано е нивно проширување за поврзување на целата Битола. На улицата „Филип II Македонски“ ќе се реконструираат тротоарите и ќе се изгради нова вело патека од Јавор до кружниот тек на влезот од Прилеп.

Проектот предвидува и воведување платформи за изнајмување велосипеди на брз и практичен начин, нови велосипедски паркинзи, како и продолжување на субвенциите за велосипеди, со цел граѓаните да имаат можност да изберат здрав и еколошки превоз.

 

„Вело Битола не е само проект, тоа е вистински избор за растеретен, здрав и еколошки град“, нагласува Коњановски, додавајќи дека ова е дел од неговата визија за современа и одржлива Битола.

Видеото може да го погледнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Нова современа детска градинка, со капацитет за 200 деца во Прилеп

Следно

А требаше да биде ЧУДО: На клупата на Реал Мадрид чмае тинејџерот од 50 милиони евра!

Latest from Blog

Петта година по ред: Париз на врвот на светскиот градски туризам

Париз и официјално ја потврди својата позиција како најатрактивна градска дестинација во светот за 2025 година, според најновото издание на Top 100 City Destinations Index, кој секоја година го објавува реномираната аналитичка

Амбасада на САД по прошталната средба на Агелер со министерот за одбрана Владо Мисајловски: Силна одбранбена соработка меѓу САД и Македонија

Денеска, во Министерството за одбрана, остваривме проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, по повод завршувањето на нејзиниот мандат во Македонија. -За време на нејзината проштална средба со министерот
Go toTop