Коњановски ја истакнува улогата на младите во зачувување на културното наследство

October 4, 2025
1 min read

Денес, со носителот на листа Филип Поповски и кандидатите за советници, Тони Коњановски оствари средба со претставници од фолклорните групи од Битола и регионот.

На средбата се разговараше за значењето на фолклорот како дел од културното наследство и за улогата на младите генерации во неговото зачувување. Коњановски ја истакна поддршката што општината ја издвојува од 1.400.000 денари од програмата за култура и нагласи дека ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи со цел промоција на традицијата, обичаите и македонската песна и оро, како препознатлив белег на домашната и меѓународната културна сцена.

Средбата беше и можност за размена на идеи за идни настани, фестивали и настапи каде што фолклорните ансамбли ќе можат да ја претстават богатата културна ризница на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пукање во Шведска, повредени шест тинејџери – нападот го извршилo 14 годишно дете

Следно

Проданоски најавува реконструкција на клучната улица „Александар Македонски“ во Прилеп

Latest from Blog

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор. Според ХРАНА, убиени

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,
Go toTop