Коњановски: Иновациите и жените претприемачи ја движат битолската економија

September 30, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, денеска присуствуваше на настанот „Саем на бизниси – иновации што инспирираат“, кој се одржа во Офицерскиот дом, во организација на Советот за женско претприемништво.

Саемот имаше за цел да ги обедини претприемачите, жените кои успешно водат сопствени бизниси и иноваторите што носат нови идеи. Настанот претставуваше можност за размена на искуства, претставување на најновите трендови во бизнисот и отворање пат за идни соработки и партнерства.

„Жените претприемачи и иноваторите се двигател на локалниот развој. Ваквите настани се важни бидејќи создаваат нова енергија и ги охрабруваат младите и креативните луѓе да инвестираат во своите идеи“, истакна Коњановски.

Тој додаде дека ќе продолжи да ја поддржува претприемачката иницијатива и да создава услови за поинтензивен економски развој на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски со прилепските пензионери: Слушнавме искрени предлози и мислења

Следно

Ѓорѓиевски: Нов асфалт, тротоари и паркинг за жителите на Кисела Вода

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop