Коњановски им порача на првачињата: Бидете љубопитни и сонувајте големи соништа

September 1, 2025
1 min read

Со пригоден настан во Градскиот парк, општина Битола денеска го одбележа почетокот на учебната година за првачињата. Под мотото „Училишна приказна“, најмалите ученици со насмевки и возбуда ги започнаа своите први училишни чекори.

Настанот беше организиран од општина Битола во соработка со ЈП Паркинзи, Зоолошката градина, Културно-информативниот центар, Црвениот крст, СВР Битола, БиМилк и Пелистерка. Присутните уживаа во музички и сценски настапи, дружење со маскоти, бесплатно возење со возот „Мечо“ и креативни активности.

Градоначалникот Тони Коњановски упати честитка до сите првачиња, потенцирајќи ја важноста на првиот училишен ден.

„Со голема радост ви го честитам почетокот на вашето училишно патување. Денес ја отворате вратата кон светот на знаењето, пријателството и новите предизвици. Бидете љубопитни, упорни и секогаш насмеани, затоа што знаењето е клучот кој ги отвора сите врати,“ порача Коњановски.

Тој им посака успешен почеток и на учениците од повисоките одделенија, охрабрувајќи ги да продолжат со иста енергија и желба за учење.

Градскиот парк во Битола денес блескаше со детска песна, игра и многу радост, претворајќи го првиот училишен ден во незаборавно искуство за секое дете.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи не негира средба со Никола Груевски: „Ако имало, била службено“

Следно

МБИ10 надолу за 0,10 %, акцијата на Реплек порасна за 2,86 %

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop