Коњановски: Го менуваме начинот на управување со отпадот во целиот регион

October 8, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска учествуваше на втората работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Пелагонискиот и Југозападниот плански регион, на која беше презентирана нацрт-верзијата на Регионалниот план за управување со отпад.

Седницата ја отвори претседателот на Меѓуопштинскиот одбор и градоначалник на Новаци, Стевче Стевановски, а на средбата присуствуваа градоначалници и претставници од општините од двата региона.

Коњановски во воведното обраќање ја истакна важноста на регионалниот пристап во управувањето со отпадот, посочувајќи дека воспоставувањето функционален систем ќе бара заедничка работа и координација меѓу сите институции, општини и граѓани.

„Пред нас е една сериозна промена во начинот на кој управуваме со отпадот во целиот регион. Тоа ќе значи подобри услуги за граѓаните, почисти и побезбедни заедници и подобра заштита на животната средина“, истакна Коњановски.

Тој посочи дека регионалниот план не треба да се гледа само како документ, ниту пак регионалниот систем само како изградба на инфраструктура и набавка на опрема.

„Инфраструктурата сама по себе не може да го реши проблемот со отпадот. Новиот систем ќе биде целосно функционален само кога инфраструктурата, услугите кои се нудат, ние како институции и општини, и секако граѓаните кои го користат системот ќе работиме сите заедно кон остварување на заедничка цел“, рече Коњановски, нагласувајќи ја важноста на меѓуопштинската соработка.

На работната седница беше презентирана нацрт-верзијата на Регионалниот план за управување со отпад, како и комуникациските аспекти и начинот на вклучување на јавноста во процесот.

Претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање и на САЛАР Интернационал ги презентираа активностите поврзани со регионалниот центар за управување со отпад и обиколниот пат во Новаци, претоварните станици, набавката на возила и опрема, методологијата за утврдување на новите тарифи за отпад, како и формирањето регионално комунално претпријатие.

Разгледани беа и обврските на општините и останатите активности поврзани со воспоставувањето на новиот регионален систем за управување со отпад.

Работата на Меѓуопштинскиот одбор е поддржана преку проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска и спроведуван од САЛАР Интернационал.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

​Trepça drejt normalizimit, aktivizohen pompat pas ndërprerjes së rrymës

Следно

ОБЈАВЕНА ИТНА ВЕСТ ЗА НАФТАТА! Хаос на светските берзи

Latest from Blog

Кој вели дека не сме за во Б дивизија, проекциите велат Македонија и во 2028/2029 ќе биде таму

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во Лига Б од Лигата на нации и во наредната сезона 2028/2029. Тоа го прогнозираат симулациите на суперкомпјутерот на платформата за фудбалска статистика Football Meets Data.

Тоневски: Спортскиот дух нема години – честитки за одличниот успех на пробиштипските пензионери

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека пробиштипските пензионери кои учествуваа на Републичките спортски натпревари на пензионерите од Македонија. Претставниците на Здружението на пензионери од Пробиштип постигнаа одлични резултати, освојувајќи

Николоски: Македонија на чекор до историски рекорд од 4 милиони патници

Авиосообраќајот во Македонија продолжува да бележи значителен раст, а годинава бројот на патници на двата аеродроми би можел да достигне 4 милиони, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него,
Go toTop