Коњановски: Битола е градилиште, но и пример за модерна урбана трансформација

October 9, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски, во гостувањето на МРТ1 во емисијата „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ зборуваше за реализираните и идните проекти, нагласувајќи дека новиот мандат ќе значи континуитет во развојот и унапредување на градот.

Коњановски потсети дека Битола во изминатите четири години била „едно големо градилиште“ и дека и понатаму ќе се инвестира не само во инфраструктура, туку и во културата, спортот и заштитата на животната средина – области што, како што истакна, ја дефинираат битолската традиција.

Во центарот на неговата програма се капиталните проекти за топлификација и изградба на прочистителна станица, кои се меѓу најзначајните за Битола.

 

„Проектот за топлификација е вреден над 40 милиони евра. Дел е веќе реализиран, направена е градска мрежа од 15,5 километри и уште толку кон РЕК Битола. Поврзани се 36 институции, а останува делот на станицата за дотоплување и отпочнување на активностите за Прочистителната станица,“ изјави Коњановски.

Тој додаде дека е рестартирано Меѓурегионалното јавно претпријатие „Пелалинк“, кое повторно е ставено во функција заедно со соседните општини Новаци и Могила.

„Пелалинк повторно функционира, ги користиме сите расположливи капацитети – минибуси, комби возила и електрични автобуси. Очекуваме од новиот владин повик Битола да добие уште 6 до 7 нови електрични автобуси,“ рече тој.

Коњановски се осврна и на еколошките мерки што се спроведуваат во градот:

„Проектот за топлификација решава дел од проблемот со загадувањето, но ќе продолжиме со мерки за подобар градски сообраќај. Размислуваме за затворање на централното градско подрачје за возила и обезбедување еколошки алтернативи за превоз. Субвенционираме инвертери, соларни колектори и енергетски фасади – десет училишта веќе имаат колектори, а до крајот на мандатот ќе ги имаат сите,“ додаде Коњановски.

На крај, тој нагласи дека Општина Битола има подготвени 65 проекти за кои се обезбедени средства и кои чекаат на реализација, со што, како што рече, ќе се заокружи визијата за модерна, енергетски ефикасна и зелена Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Ќе ја вратиме гордоста и животот во старата прилепска чаршија

Следно

Тони Тоневски: „Ќе создадеме услови младите да останат и да ја градат својата иднина во Пробиштип“

Latest from Blog

Пишувањето писма повторно во мода: Младите бараат начин на поврзаност, далеку од екраните

Во време кога секоја секунда се мери преку продуктивност, а екраните ја избришаа границата меѓу работата и приватниот живот, сè повеќе луѓе почнуваат со употреба на поинаков начин на комуникација. Пишувањето писма,

Димитриеска Кочоска: Поддршката од Светска банка е клучна за економските реформи

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска оствари средба со директорката на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Карол Межеван, на која беа разгледани приоритетите за поддршка на клучните реформи преку Рамката за

Кајли Џенер – најмладата самостојно стекната милијардерка во светот

Џенер е основачка на козметичката компанија Кајли Козметикс (Kylie Cosmetics), која, според процените, во 2018 година остварила приход од околу 360 милиони долари. Вкупното нето богатство на Џенер се проценува на една
Go toTop