Тони Тоневски: „Ќе создадеме услови младите да останат и да ја градат својата иднина во Пробиштип“

October 9, 2025
1 min read

Мерки кои ќе обезбедат нови работни места, можности за домување за младите брачни парови и подобар квалитет на живот се во фокусот на програмата на кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски. Во неговото интервју објавено во порталот „Булевар“ Тоневски објаснува дека проблемот со иселувањето на младите сè појасно се чувствува и во Пробиштип, и затоа ќе работи на забавување на овој тренд и создавање услови младите да останат, да се развиваат и да ја градат својата иднина во родниот град.

„Мојата цел е да преземеме најитни мерки за да пружиме можности и промениме овој немил тренд. Ќе воспоставиме соработка со поголемите компании за да им овозможиме сигурни работни места на најдобрите ученици и дипломци. Еден од моите први приоритети е донесување на нов Генерален урбанистички план. Со него ќе отвориме можности за нови градежни парцели за семејни куќи и за развој на индустриска зона која ќе биде насочена кон незагадувачка индустрија,“ вели Тоневски.

Паралелно, ќе се изработи Водич за инвеститори, со кој транспарентно ќе се прикажат сите локални можности за вложување, со цел привлекување нови компании и отворање нови работни места.

 

Според него, голем дел од младите не заминуваат поради желба, туку поради недостаток на работа или неможност да изградат сопствен дом.

За младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис, ќе се овозможи бесплатен канцелариски простор и административна поддршка, со што ќе се стимулира претприемништвото и ќе се овозможи младешката енергија да се насочи кон локален развој. Паралелно со економските мерки, се планира и подобрување на условите за домување. Нов Генерален урбанистички план треба да отвори нови градежни парцели за семејни куќи, а младите до 35 години ќе добијат субвенционирање на комуналниот надомест и бесплатни типски проекти за куќи.

„Тоа ќе биде големо олеснување за секој кој сака да остане во Пробиштип и да изгради свој дом,“ вели Тоневски.

За да се подобри квалитетот на животот, најавени се инвестиции во спортската и културната инфраструктура. Ќе се реконструираат повеќе игралишта и спортски сали, а ќе се изгради и ново одбојкарско игралиште, спорт кој традиционално има силна база во Пробиштип. Најголем дел од општинските услуги ќе се дигитализираат, што ќе овозможи побрза и поефикасна комуникација со граѓаните и зголемена транспарентност.

„Луѓето не бараат многу – бараат достоинствена работа, можност за сопствен дом и средина во која нивните деца ќе растат со перспектива. Ако тоа го обезбедиме, нема да има потреба да заминуваат,“ заклучува Тоневски.

Целта на најавените мерки е Пробиштип да стане средина во која младите ќе останат, ќе се развиваат и ќе придонесуваат кон заедницата, наместо да ја бараат својата иднина надвор од градот или земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола е градилиште, но и пример за модерна урбана трансформација

Следно

ВЛЕН тврди дека ДУИ злоупотреби семеен конфликт за политички поени

Latest from Blog

Администрацијата на Трамп ја забрзува депортацијата на децата на мигранти

Според претставници на администрацијата и застапниците на децата, имиграциските сослушувања каде што судија одлучува дали детето може да остане во САД се префрлаат со недели или дури и месеци однапред. Ова им

Меџити за 24 Анализа: Ако ДУИ има докази за незаконски тендер во старата чаршија нека поднесе пријава

Ако ДУИ има докази за незаконски тендер во старата чаршија нека поднесе пријава. Проектот е пола милион евра и фирмата е избрана на тендер најлегитимно, порача за 24Анализа Изет Меџити, градоначалник на

Трамп го пречека кралот Чарлс во Белата куќа со црвен тепих и 21 плотун (ВИДЕО)

Кралот и кралицата беа пречекани државнички пред Белата куќа со највисоки церемонијални почести, објави Дејли меил. Американскиот лидер, за кого извори велат дека инсистирал првата дојдовна државна посета од неговиот втор мандат

Општина Прилеп со активности за разубавување на зелените површини во градот

Денеска на улицата „Прилепски бранители“, на потегот од семафорите до кружниот тек кај Здравствен дом од двете страни на улицата , се реализираше акцијата за засадување на зимзелени, украсни и грмушкести растенија.
Go toTop