Комунална хигиена Скопје: В.д. градоначалникот на Аеродром се обидува да собира политички поени преку лажно обвинување

June 9, 2025
1 min read

Лицемерие и евтин театар од В.Д. градоначалникот на Аеродром Дејан Митески. Полу градоначалникот Митески без легитимитет се обидува да собира политички поени преку лажно обвинување на ЈП Комунална хигиена Скопје. 

ЈП Комунална хигиена работи според оперативен план кој го усвојува Советот на Град Скопје, под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Планот го спроведува управниот одбор составен од ВМРО и ВЛЕН, предводен од Јулијана Спировска функционерка на ВМРО и криминалка осудена за убиство.

Кога ВД градоначалникот Митески ги повикува граѓаните да фрлаат кабаст отпад, треба да знае и дека законот го обврзува да го собира тој отпад.
А кога на слика се гледаат гарнитури и мебел од нечија дневна соба– тоа е обврска на службите кои тој ги раководи.

Ако навистина ви беше Митески до хигиена – ќе побаравте од осудената криминалка за убиство и претседателка на Управниот одбор на Комунална хигиена, Јулијана Спировска и од вашиот Совет на град Скопје да си ја завршат работата. Но, на Митески кога целта му е да избегне одговорност, вистината не му е важна, пишува во соопштението до медиумте ЈП Комунална хигиена, Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стопирана хуманитарната помош за Газа

Следно

Бугарија бара истрага за Томас Вајц – Георгиев: Лага е дека ќе ја пуштиме Македонија во замена за еврото

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop