Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни

June 17, 2024
3 mins read

Предлог составот на новата влада е комплетиран и заедно со програмата утре треба да биде доставен во Собранието, додека гласањето се очекува да се случи претстојниот викенд. Кандидатите за членови на владата од коалицијата „Твоја Македонија“ синоќа беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Од  „Твоја Македонија“ во владата ќе има 15 членови, од кои три на вицепремиерски места,  кадри од коалицијата „Вреди“ ќе раководат со пет министерства и ќе имаат едно вицепремиерско место, а два министерски ресора ќе предводи партијата ЗНАМ –  За наша Македонија. 

Гласањето за новата влада очекувам да биде во текот на следниот викенд 22-23 јуни, рече мандатарот Христијан Мицкоски, откако синоќа ги соопшти кандидатите за членови во новата влада од коалицијата.

-Од партиските тела добив мандат за преговори и за состав на новата влада и тие успешно завршија. Новата влада ќе биде составена од партиите кои се дел од коалицијата Твоја Македонија, коалицијата Вреди и политичката партија ЗНАМ, влада која има широка поддршка од електоратот повеќе од 600.000 гласа освоени на изборите кои што завршија на 8-ми мај, и сигурен сум во 2/3 поддршка за определени законски решенија, реформски законски решенија кои што во периодот кој што следи ќе бидат донесени во македонското Собрание,  рече мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа на прес-конференција по седниците на Извршниот и Централниот комитет.

Мандатарот ги предлага досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски за министер во овој ресор,  за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска.  За заменик претседател на Владата и министер за транспорт  партискиот потпретседател е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николовски, во ресоротот одбрана Владо Мисајловски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Пирински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски. 

Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство како кадар со долгогодишно искуство во ресорот,  професорката Весна Јаневска во образование и наука, во Министерството за култура и туризам актерот Зоран Љутков, а во Министерството за спорт ракометарот Борко Ристовски.  

Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, претседателот на ДПС вицепреиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

Мицкоски рече дека при изборот на кадровскиот потенцијал и решенија за состав на новата влада се водел од принципите за чесност и посветеност, како што нагласи – да бидат луѓе кои ќе дадат голема енергија во процесите и целосно ќе се вложат за реализација на амбициозните зацртани цели.  – Го немаме луксузот да не се успее, ниту пак да се прават репризи на минати владеења каде ќе се загуби врската со единствениот суверен народот. Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно не чека многу работа, мора да ги засукаме ракавите од првиот ден. Состојбите се очајни и потребни се најпрвин стабилизирање на состојбата, а  потоа и брзи резултати, рече мандатарот Мицкоски и порача дека имаат амбициозен план за реформи и проекти чија реализација ќе почне од првиот ден.

Кадровското решение за генералниот секретар на владата најави дека ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае многу скоро и ќе биде на дневен ред на првата седица на владата.

Партиите од Коалицијата Вреди, според одлуките на партиските тела и изјавите на партиските претставници, ќе раководат со Министерството за европски прашања, каде предлог за министер е Орхан Муртезани од Алтернатива, со Министерството за животна средина за кој ресор кандидат е Изет Меџити, лидерот на Демократско движење, кој треба да биде и прв вицепремиер,  како и со Министерството за социјална политика, демографија и млади и со Министерството за економија и труд, за кои се предложени кадри од БЕСА Фатмир Лимаи, односно Бесар Дурмиши. Ресорот здравство, пак, според изјавите во медиумите, ќе го раководи лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари. 

Од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, пак, утврдени кандидати од партиските тела се Игор Филков за министер за правда и Горан Минчев за министер за јавна администрација. 

Мицкоски очекува денеска да ги добие и официјално предлозите од коалиционите партнери и до Парламентот утре да ги достави предлог составот и програмата за работа на владата за да се гласа претстојниот викенд.  

-Очекувам успешна реализација односно гласањето да заврши во текот на следниот викенд 22-23 јуни, изјави Мицкоски.

За измените на Законот за локална самоуправа со кои се предвидува да нема предвремени избори во општините чии градоначалници ќе преминат во извршната власт  смета дека ќе се гласа безусловно од сите, иако како што вели. 

– Законот е доставен во Парламентот, очекувам дека сите пратеници безусловно ќе го гласаме, затоа што, иако на ВМРО-ДПМНЕ политички сега му одговара да има избори, ние сакаме да бидеме влада која што ќе биде одговорна и нема да има двојни аршини или двојни стандарди. Цениме дека не треба дополнително да се трошат парите на граѓаните, тие избори во некои општини можеби би чинеле милион евра, наведе Мицкоски.

Новата влада ќе има 20 министерства, четири повеќе од сегашната, откако пред една недела беа усвоени измени за реаорганизација на државата управа, за кои беше обезбедено двотретинско мнозинство со дел од пратениците од Европскиот фронт. На парламентарните избори што се одржаа минатиот месец коалицијата „Твоја Македонија“ освои 58 пратеници, „Вреди“ 14, а ЗНАМ шест. 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СИПРИ: Нуклеарното вооружување напредува додека светот тоне сѐ подлабоко во војна

Следно

Јана Пислевска МВП на финалниот кадетски турнир

Latest from Blog

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани повредените од пожарот во Кочани

Министерот Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани Во рамки на дводневната работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна

Актуелниот премиер Еди Рама е на пат да го обезбеди четвртиот последователен мандат

Социјалистите со убедливо предство на изборите во Албанија. Актуелниот премиер Еди Рама пред уште еден четиригодишен мандат. Податоците на центрачната изборна комисија покажуваат дека Социјалистичката партија, која е во коалиција единствено со

ОЈО побарало документи од факултетот за безбедност за директорот на АНБ

Обвинителството проверува како директорот на АНБ, Бојан Христовски станал асистент на Факултетот за безбедност, дознава ТВ 24 од доброупатен извор. Според информациите, до факултетот пристигнал допис, со кој се бара целосната документација

Сега и дефинитивно е готово: Бразил го промовираше Анчелоти за нов селектор!

Крај на сагата околу преземањето на Карло Анчелоти на селекторската позиција на Бразил. Бразилската федерација објави официјално дека е постигнат договор со Италијанецот, и тој ќе ја води репрезентацијата по завршувањето на

Трамп: Состанокот меѓу Русија и Украина во Турција е многу важен

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека претстојните мировни преговори меѓу Русија и Украина во Турција се „многу важни“, додавајќи дека смета оти „од таа средба може да произлезат
Go toTop