Комплексна реконструкција на подлактица направена на Клиниката за ортопедски болести

October 18, 2023
1 min read

реклама


На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ минатата недела е изведен комплициран оперативен зафат – реконструкција на горен екстермитет на 44-годишен маж кој бил повреден со огнено оружје. Како што соопшти Клиниката, направена е трансплантација на подлактица со коскено ткиво од донор.

-Се работи за склопетарна повреда настаната како последица на истрел од огнено оружје во март 2023 година. Притоа е оштетена една од коските на подлактицата со голем дефект од осум сантиметри. За премостување на дефектот, користена е фибула од починат донор и е фиксирана со плочки и шрафови,  објаснува д-р Александар Трајановски, директор на Клиниката за ТОРИЛУЦ и еден од хирурзите кој, заедно со д-р Александар Савески, учествуваше во транспланатацијата.

реклама

Клиниката соопшти дека пациентот по операцијата се чувствува добро и го очекува период на рехабилитација и целосно враќање на функцијата на раката.

-Ова е трета транспланатција на коскено ткиво од починат донор годинава и 22-ра во последниве три години откако на Клиниката за ортопедија почна да се работи експлантација и трансплнтација на коскени ткива од починат донор, се наведува во соопштението. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иранскиот претседател Раиси: Пламенот на бомбардираната болница во Газа ќе го зафати Израел

Следно

„Чуварите на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ вечерва го затвора МФФ Киненова

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop