Комитетот на министри на СЕ разгледува како да го продолжи процесот за прием на Косово

May 17, 2024
1 min read

Комитетот на министри на Советот на Европа започна расправа за прашањето за прием на Косово во таа организација и размислува како да продолжи тој процес, беше речено денеска на прес-конференција по состанокот на Комитетот во Стразбур.

Премиерката на Литванија Ингрида Шимоните, одговарајќи на новинарско прашање за барањето на Косово за членство во Советот на Европа, рече дека не е прашање дали ќе биде прифатено, туку кога.

„Не е прашање дали, туку кога. Процесот ќе продолжи“, рече премиерот на Литванија, кој денеска го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Министерката за надворешни работи на Лихтенштајн, Доминик Хаслер, изјави дека на денешната седница на Комитетот во излагањата на министрите неколку пати било споменато Косово.

„Комитетот на министри веќе започна да разговара за ова прашање и во моментов размислува како да продолжи“, рече Хаслер, чија земја претседаваше со Комитетот на министри на СЕ во последните шест месеци.

Таа рече дека Комитетот го добил писмото на Парламентарното собрание на СЕ за препораката за прием на Косово и дека Претседателството на Лихтенштајн направило се за да се напредува во тој процес заедно со сите земји членки.

Парламентарното собрание на СЕ во средината на април усвои препорака за прифаќање на апликацијата на Косово за членство во таа организација, за која конечната одлука ја носи Комитетот на министри.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје и Атина пак „се фатија“ за името

Следно

Палестинските фудбалски претставници бараат суспензија на Израел од ФИФА

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop