Колумбискиот претседател ги повика земјите од Латинска Америка да го кренат гласот против израелските напади врз Газа

1 min read

БОГОТА (АА) – Колумбискиот претседател Густаво Петро ги повика земјите од Латинска Америка да покажат „еден глас“ против израелските напади врз Газа, јавува Анадолу.

Петро, во обраќањето на самитот на Заедницата на држави од Латинска Америка и Карибите (CELAC) VIII во островската држава Сент Винсент и Гренадини, рече дека целото човештво е уништено во Појасот Газа.

Колумбискиот претседател побара одржување состанок на кој би присуствувале претставници на сите држави од Латинска Америка за да се утврди заеднички став за Газа.

Петро потсети дека израелската војска продолжува со бруталните напади врз Палестинците.

„Сегашниот палестинско-израелски судир не е некој нов проблем. Некои сили го продлабочуваат проблемот и човештвото во моментов се уништува токму во Газа“, рече тој.

Тој особено ги критикуваше Соединетите Американски Држави (САД), Германија, Франција и Велика Британија и ги обвини дека го поддржуваат израелското бомбардирање на Газа.

Како што наведуваат колумбиските медиуми, повикот на Петро за Газа го поддржале Мексико, Бразил, Хондурас, Чиле, Свети Винсент и Гренадини, Венецуела, Гвајана, Бахамите, Боливија и Барбадос.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Бислими: Европски плати за функционерите, а африкански за работниците

Следно

Средба Ердоган – Османи: Односите меѓу Туркије и Косово напредуваат

Latest from Blog