Колку црни точки има во сообраќајот низ земјава?! – Граѓаните бараат казни се од врвот на системот

February 3, 2025
1 min read

Иако минуваа покрај фотографиите и запалените свеќи пред нив на местото каде пред неколку дена животот го загуби Фросина, граѓаните не се освестуваат, а можат да бидат потенцијална следна жртва на трагичните сообраќајни несреќи.

„Ова е една од најкритичните точки во главниот град која ја локализираа властите, како најопасен дел, пешачкиот премин на булеварот, каде пред неколку дена се случи несреќата во која животот го загуби 22 годишната Фросина. Како што се гледа, семафорите не се усогласени на пешачките премини и поради тоа, со оглед на тоа што пешаците ја минуваат едната лента од булеварот – остануваат на сред улица и бидејќи семафорот е на црвено, тие понекогаш поминуваат на црвено со што го загрозуваат сопствениот живот“, вели репортерот на ТВ21.

Граѓаните велат дека ваквите случувања се  поради неказнивоста . Револтирани велат дека не се доволни протестите по губењето на човечки живот, туку  поради лицата кои се  недопирливи за законот.

Властите најавија заострување на мерките во сообраќајот, детектирајќи некои од црните точки во сообраќајот. Но правниците бараат да функционира системот и да се заострат казните во патниот законик. Адвокатот Ратко Димовски , смета  дека освен во судството, во јавниот дискурс потребен е и епилог на судските предмети.

Инаку протестите го активираа алармот на институциите. Директорот на БЈБ, Александар Јанев вели дека пред два дена веќе се детектирани црните точки во земјава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коцевски за случајот со Фросина Кулакова: „Станува збор за кривично дело сторено со умисла“

Следно

Предложен притвор за шестмина фалсификатори на пари осомничени во акцијата „Вардар“

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop