Колку се платени порно ѕвездите по сцена?

April 27, 2024
1 min read

Ѕвездите од филмовите за возрасни зборуваа за тоа колку се платени во индустријата.

Порно индустријата сè уште предизвикува поделби, а многу актери зборуваат за своите искуства. Некои ја пофалија индустријата, додека други укажаа на недостатоците на таквата работа.

Стивен Хирш, потпретседател на компанијата за забава за возрасни Vivid Entertainment, изјави за „CNBC“ дека девојките заработуваат повеќе пари кога првпат ќе влезат во индустријата затоа што се нови. Сепак, нивниот понатамошен приход зависи од тоа колку ќе станат популарни.

Според „CNBC“, просечната актерка во индустријата е платена помеѓу 800 и 1.000 долари за „традиционална секс сцена меѓу маж и жена“.

Оние кои не се популарни можат да бидат платени помалку, околу 300 долари, додека попопуларните актери можат да наплатат 1.500 или дури 2.000 долари по сцена. Ако некој актер/актерка се вклучи во поекстремни сцени на екранот, тие добиваат помеѓу 1.800 и 2.500 долари.

Дерек Хеј, основач на агенцијата за таленти LA Direct Models, рече дека видел актери како нудат помеѓу 2.000 и 6.000 долари за сцена, ако тоа е нешто што никогаш претходно не го направиле.

Платите варираат кај мажите

Разликата во платите може да биде поголема кога се во прашање мажите. „CNBC“ известува дека мажите обично добиваат 500-600 долари по сцена или дури и дневно. Ако се малку попознати, би можеле да заработат 700-900 долари.

Порно актерката Валентина Напи за „VICE“ изјави дека заработила 1.140 долари за „редовна хетеросексуална сцена“ кога првпат се преселила во САД, бидејќи дотогаш веќе била доста позната. Но, порно актерот Лука Фереро изјави дека во Европа мажите заработуваат во просек по 533 долари по сцена.

– Мислам дека порно актерите не заработуваат толку пари колку што мисли јавноста. Мислам дека никој, па ни најголемите ѕвезди, не заработува повеќе од половина милион годишно. Но, ако некои од врвните ѕвезди заработуваат од 300.000 до 400.000 долари годишно, според перцепцијата на повеќето луѓе, тоа сепак би било многу пари – заклучил Дерек Хеј.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата

Следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАПРАВЕТЕ ГО ОВА – ова се обичаите на Лазарова сабота

Latest from Blog

Четири активни пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека во Македонија има четири активни пожари. Опш. Прилеп: с. Бешиште (приземен во мешана шума) Опш. Македонски Брод: с. Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки) Опш.

Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

Во моментов има 12 пожари на отворено, од кои четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати, објави ЦУК. Активни се пожарите во Општина Прилеп: село Бешиште, каде е зафатена

На ГП Табановце се чека до половина час

Утрово има зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, каде времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги
Go toTop