Колку е лоша енергетската ситуација во Украина?

July 9, 2024
1 min read

Пред војната во февруари 2022 Украина има 56 гигавати инсталиран капацитет и околу 36 гигавати реален капацитет. Разликата меѓу бројките е затоа што не секогаш сите електрани / реактори / блокови се активни, што заради штедење, што заради старост и истрошеност. Пример, двете електрани Углегорска и Запорижиа имаат номинален капацитет од 0,8 гигавати, меѓутоа затоа што е непрофитабилно да се снабдуваат со гас во толку големи количества тие со години се затворени.

Се на се половина од инсталираниот капацитет во Украина доаѓа од термоелектрани, а остатокот е поделен меѓу нуклеарни електрани, хидроелектрани и обновливи извори.

Официјалните бројки се дека од почетокот на војната до сега Украина останува без половина од своите капацитети за генерирање енергија, кои или се оштетени или се уништени или под руска окупација.

„Реалноста веројатно е полоша, бидејќи се проценува дека е останата една-петина од вкупниот инсталиран капацитет,“ пишува Киев пост.

Процените дека Украина моментално има 20 гигавати активен капацитет се оспоруваат по основа дека тој капацитет не секогаш е достапен во мрежата, пример не се земаат предвид поправите на нуклеарките и достапноста на водените ресурси.

Според извештај од О.Н. до март 2023, активниот капацитет на Украина паѓа на 14 гигавати, а Киев пост смета дека од тогаш земјата успеала да врати неколку гигавати пред почетокот на минатата зима.

Зеленски на конференција во Берлин изјави дека пикот зимска потрошувачка на Украина е 18 гигавати.

„Имајќи ги предвид сегашните рестрикции, и ако двете бројки се сметаат за точни, тоа ќе значи дека Украина најверојатно во моментот не може да генерира 10 гигавати струја и покрај пикот на дневен увоз од 1,7 гигавати од Европа,“ пишува Киев пост.

Освен електраните, на мета на Русите беше и мрежата за пренос на енергија, која е распарчена, а ситуацијата ја влошува и тоа што голем број нуклеарни реактори се изгазени заради рутинско одржување.

„Доколку дојде до најлошото, претстојната зима може да нема доволно струја за функционирање на јавното греење и водоводната мрежа,“ смета Киев пост.

Се проценува дека Русија во војната има окупирано електрани со номинален капацитет од речиси 14 гигавати, а оштетено или уништено околу 9 гигавати.

Освен поправање на уништеното, едно од решенијата што го имаат преземено повеќе компании е изградба на сопствени мини-електрани од 2-3 мегавати, или комбинирани електрани струја и греење за кои плаќаат отприлика по 1 милион долари од мегават и се градат за три до девет месеци.

Дополнително олеснување се гледа во опцијата да се повлече уште струја од Европа која од сегашните 1,7 гигавати во пикот би можела да порасне на 2,2 гигавати, колку што е отприлика максималниот капацитет на мрежата за увоз на струја.

Крајната математика на Украинците е дека во просек би чинело околу 1 милијарда долари за да се обнови 1 гигават енергија, без разлика од кој извор е.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кузманов за „Студио 10“: Седум главни теми на 75 НАТО Самит

Следно

Според Календарот на МПЦ, денеска е Преподобен Давид Солунски

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop