Количината вода по жител во Газа се намали од 90 на два литра

March 12, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – ХУСНУ НЕДИМ –

Портпаролот на Општина Газа, Хусну Мехна, изјави дека хуманитарната криза во Газа, која сѐ повеќе се соочува со глад и жед, се влошила и дека количината вода по жител е намалена од 90 на два литра, јавува Анадолу.

Мехна во разговорот за Агенција Анадолу говореше за ситуацијата во Појасот Газа.

Тој нагласи дека хуманитарната помош што пристигнува до градот Газа и северните региони е многу важна, но недоволна.

„Ја предупредуваме јавноста дека доколку хуманитарната криза продолжи и понатаму да се влошува, бројот на жртви од глад и жед ќе порасне во северниот дел на Газа“, истакна Мехна.

Тој додаде дека количината вода по жител во Газа пред почетокот на војната била 90 литри, а денес е намалена на само два литра.

Појасни дека недостигот на вода е предизвикан од сериозни оштетувања на водоводните мрежи за време на израелските напади врз инфраструктурата и другите објекти.

– Уништена инфраструктура и недостиг на гориво –

Мехна рече дека израелската војска уништила 40 бунари, девет резервоари за вода, 42 илјади метри водоводна мрежа и 500 вентили со различен пречник и дека нема доволно гориво за работа на преостанатите бунари.

Истакна дека Општина Газа од почетокот на минатиот ноември не е во можност да испорача гориво и рече дека е потребно да се обезбедат основните услуги.

Тој додаде дека еколошките услови се на катастрофално ниво поради акумулирањето на околу 70 илјади тони ѓубре на улиците на градот Газа, особено околу болницата Шифа.

Мехна, исто така, истакна дека израелската војска уништила околу еден милион квадратни метри патишта само во градот Газа.

Како што рече, досега 27 лица умреле од глад и жед во Појасот Газа, каде што Израел предизвика масовно гладување со тоа што не дозволува влез на толку потребната хуманитарна помош.

По тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република на 26 јануари Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било дејства поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Но нападите продолжија со ненамалено темпо, а испораката на помош и понатаму е недоволна за справување со хуманитарната катастрофа.

Од 7 октомври минатата година во израелските напади врз Појасот Газа загинати се најмалку 31.112 Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Игра со броеви: Детали од документот на Кремљ за менаџирање на претстојните претседателски избори

Следно

Нови бран напади со дронови и ракети во Украина и во Русија

Latest from Blog

Шокантни тврдења на Лејла Кадриу за функционирањето на СЈО – Катица Јанева тврдела дека е жена од милион долари

Поранешната обвинителка во Специјално јавно обвинителство, Лејла Кадриу, во јавни истапи изнесе сериозни обвинувања за начинот на функционирање на институцијата, наведувајќи директни политички влијанија, финансиски злоупотреби и незаконско постапување во периодот кога

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на
Go toTop