Колекцијата на МСУ-Скопје ја одушеви публиката во Љубљана

April 25, 2025
2 mins read

Во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова (МГ+МСУМ) во Љубљана, Словенија синоќа беше отворена големата изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“ со уметнички дела од 87 автори од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје (МСУ-Скопје). Изложбата ја отворија директорите на двата музеја, Мартина Вовк и Тихомир Топузовски. На отворањето присуствуваа и кураторите на изложбата: Ивана Васева, Благоја Варошанец, Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Бојана Пишкур.

„Соработката со МСУ-Скопје е уште една можност за ткаење на заеднички патеки во современата уметност, засновани на заеднички идеали. Меѓу нив, особено значаен е идеалот за солидарност, кој е единствената солидна валута на нашата иднина и е веќе реализиран преку колекциите од оваа изложба“, рече Вовк на отворањето.

Топузовски во своето обраќање го истакна потенцијалот на соработката меѓу двете институции.

„Оваа изложба е основа од која ќе произлезат многу други заеднички проекти. Иако двата музеја имаат различни истории, тематски и концептуално тие се поврзани“, рече Топузовски.

Следен во низата заеднички проекти е презентација на дела од колекцијата „Arteast 2000+“ и

национални збирки на љубљанската Модерната галерија во МСУ-Скопје. Предвидено е изложбата да биде отворена наесен. „Ткаење светови: Колекции во разговор“ е дел од програмата од национален интерес на Министерството за култура и туризам на РС Македонија.

Изложбата е конципирана како конструктивен дијалог помеѓу две специфични колекции – колекцијата на солидарноста на МСУ-Скопје и колекцијата „Артист 2000+“ и националната колекција на Модерна галерија – Љубљана. Во „Ткаење светови: Две колекции во разговор“ се вклучени дела од 87 автори, од кои најмногу дела од РС Македонија и од речиси сите поранешни југословенски републики, дополнети со дела од уметници од Бразил, Полска, Боливија, Судан, Уругвај, Албанија, Јапонија, Јужноафриканска Република, Иран, Куба, Шпанија и од Романија.

„Ткаење светови: Колекции во разговор“ се фокусира на еманципацијата на уметничките медиуми, истражувајќи го односот помеѓу културата и природата, додека критички се осврнува на горливите еколошки прашања од времето на Капиталоценот.

„Вака селектирана и поставена, изложбата отвора процеп за создавање поинаков свет помеѓу западноцентричниот светоглед и специфичниот поглед кон локалните тенденции наспроти дела кои реферираат на поднебјето кое ги изртило и каде има континуитет на изработка. Тука се делата на наивната уметност и природните материјали кои изобилуваат, земја, сено, ливадско цвеќе, но вклучени се и фотографии од документирани акции во природа и критички настроени инсталации кон екстракцијата и уништувањето на природата“, велат кураторите.

Во изложбата се вклучени дела од уметниците: Борка Аврамова, Владимир Аврамчев, Македонка Андонова, Томе Андреевски, Ибрахим Беди, Гордана Вренцоска, Јордан Грабул, Евгенија Демниевска, Драгослава Јанева, Војко Јаневски, Гоце Јосифов – Ромбо, Ристо Калчевски, Димитар Кондовски, Димче Коцо, Михаил Лазаров, Доне Милјановски, Душко Мишевски, Вангел Наумовски, Петре Николоски, Аџем Нихат, Душан Перчинков, Раде Перчуклиевски, Илија Прокопиев, Кристина Пулејкова, Исмет Рамиќевиќ, Крсте Славковски, Мира Спировска, Мена Спировска-Менче, Глигор Стефанов, Душко Стојановски, Игор Тошевски, Марија Туша Иљовска, Симон Узуновски, Петар Хаџи Бошков, Ѓорѓи Цапев,

Симон Шемов, Томо Шијак и Ѓорѓе Шијаковиќ, словенечките Јернеј Вилфан, Дружината од Шемпас, Маја Смрекар, Вадим Фишкин, потоа Стјепан Басталец, Антун Бахунек, Фрањо Вујчец, Стјепан Кичин, Иван Кузмиак, Иван Лацковиќ-Кроата, Јулије Папиќ, Ханибал Салваро, Матија Скурјени, Петар Смајиќ, Иван Рабузин, Боривоје Максимовиќ, Стјепан Столник и Јосип Хорват од Хрватска, српските автори Јанко Брашиќ, Јано Вењарски, Ондреј Вењарски, Богосав Живковиќ, Милосав Јовановиќ, Јано Књазовиќ, Сеад Казанџиу од Албанија. Застапени се и Јоланта Овидска и Јузеф Сарновски од Полска, Јон Григореску од Романија, Маноло Милјарес од Шпанија, непознат автор од Иран, Вифредо Лам од Франција/Куба, Питер Кларк од Јужноафриканската Република, Мохамед Абдала Ахмед од Судан/Велика Британија, Ример Кардиљо од Уругвај, бразилските уметници Мариа Бономи, Валдемар де Андраде-Силва, Лухдес Гуанабара, Силвиа де Леон Чарлео, Ладир Харис Домше-Пулу, Луциа Кан, Мариа Осилијадора Силва, Жусара Пимента де Падуа, Еленос Силва, Педро Соарес Фогаса, Жералдо Триндаде Леал, Вилма Хамос, боливиските автори Макс Арукипа Чамби и Патриција Веласко Уалин и Јозо Хамагучи од Јапонија.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да започне на почетокот на мај

Следно

Приведен мотоциклист кој удрил малолетничка на „Џон Кенеди“

Latest from Blog

Во престрелката на Бит Пазар загина 31-годишен маж

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар. Претдходно преку соопштение полицијата

ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект

31-годишен скопјанец им подлегна на повредите по пукањето на Бит Пазар

31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар. Според информациите тој им подлегнал на повредите во операционата сала

Реакција од Здружението на општински градежни инспектори на РСМ за непрофесионално и неточно интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори

Здружението на градежни инспектори на Република Северна Македонија, денеска преку соопштение до јавноста се огласи за како што велат „неточното интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори“. Во својата реакција тие
Go toTop