Колашинац во Поточари: Сребреница е нашата најголема рана која крвари и по три децении

July 11, 2025
1 min read

Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) Мунир Колашинац ја предводеше делегацијата која присуствуваше на омеморацијата и колективниот погреб на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Делегацијата ја сочинуваат: Џевад Хот, претедател на Бошњачкиот национален совет (БНС), Фарук Хасиќ, директор на БДС и Џевад Реџовиќ, член на Централниот одбор на БДС.

Претседателот Колашинац на средбите со претставниците на делегациите на бројните земји од регионот и пошироко, ја пренесе пораката дека Бошњаците од Северна Македонија како и сите други припадници на овој народ без разлика каде географски се наоѓаат на земјината топка, геноцидот во Сребреница го сметаат за своја најголема болка и рака која уште крвари. Оттаму, претседателот Колашинац ја нагласи важноста на негување култура на колективна меморија со цел сеќавање на жртвите од геноцидот, со пораката никогаш, никаде и никому да не му се случи Сребреница.

Особено значајно е тоа што, како што потенцираше Колашинац, Бошњаците од Северна Македонија се приклучија на демократскиот свет кој силно го осудува негирањето на геноцидот во Сребреница, истакнувајќи дека тоа е последна фаза од геноцидот, која најдолго трае, како и дека има исклучително негативно влијание врз општеството.

Вчера во организација на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС), група граѓани со автобуски превоз замина за Сребреница, каде во Поточари денес присуствуваше на колективниот погреб на седумте жртви од геноцидот.

Исто така делегација од БДС предводена од претседателот Колашинац, присуствуваше вчера во Сараево на отворањето на изложбата посветена на жртвите од геноцидот во Сребреница

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ најостро го осудува нападот врз официјални лица од Град Скопје

Следно

Челникот на ОН на годишнината од геноцидот во Сребреница повика на будност и акција

Latest from Blog

Интервју за Макфакс: Д-р Небојша Баткоски за развојот на стоматолошкиот туризам и модерната технологија

Во ера кога модерната технологија и медицината се спојуваат за да понудат совршенство, Македонија станува сè позначајна точка на мапата на европскиот стоматолошки туризам. Тој ги надмина границите на ценовно конкурентна понуда

Димитриеска-Кочоска: Забрзуваме со реформите и ја зајакнуваме фискалната транспарентност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Брисел оствари средба со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на која беше разговарано за спроведувањето на
Go toTop