Кој прифатил уставни измени, а кој го замајува членството – партиите со нови преписки

June 11, 2023
2 mins read

ВМРО-ДПМНЕ бара владејачкиот СДСМ да каже кој од двата предлози на Мицкоски е прифатлив или во спротивно само ќе го замајува членството. Социјалдемократите, пак, велат дека лидерот на опозициската партија јасно пред македонската јавност кажал дека прифаќа уставни измени и порачуваат дека сега дијалогот треба да продолжи за тоа како заеднички да се изведат уставните измени

Уставните измени веќе неколку дена се главна тема во партиските преписки откако за ова на лидерска средба во средата (7 јуни) разговара премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и денеска повика социјалдемократите да кажат кои од двата предлози што ги дал Мицкоски се прифатливи за нив бидејќи во спротивно нема потреба од преговори.

„Ковачевски да не манипулира со своето членство, и со граѓаните, да се охрабри и да каже кој предлог го прифаќа:

1. Одложено важење на уставните измени кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ;

2. Избори на есен, гаранции од ЕУ институциите за македонскиот многувековен идентитет, пакет помош од Европската Комисија за македонската економија и граѓани и барање до Бугарија да имплементира барем три пресуди од ЕСЧП поврзани со Македонците во Бугарија. И по изборите партијата која ќе биде опозиција да ја поддржи владата и државата во спроведување на овие чекори“,

наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски, повикуваат, да каже кој од овие два предлози го прифаќа или во спротивно попусто троши време за состаноци и замајување на сопственото членство.

Од СДСМ, пак, потсетуваат дека Мицкоски јавно, на прес-конференција, пред целата македонска јавност прифатил уставни измени.

„Прифаќањето на уставните измени и промената на ставот на ДПМНЕ се добра основа, а сите барања на најголемата опозициска партија беа прифатени. Сега дијалогот треба да продолжи, сега може да се разговара како заеднички да се изведат уставните измени, неопходни за продолжување на европскиот пат. Потребно е широко обединување за интеграција на државата. Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа национална и стратешка цел“,

велат од СДСМ.

Одлуката, нагласуваат од владејачката партија, не се носи заради моментален политички рејтинг и не е заради една партија или група поединци, туку е одлука за сите граѓани кои заслужуваат да живеат во држава членка на ЕУ.

За потсетување, една од понудите на Ковачевски на лидерската средба беше да се изгласа отворање на Уставот и веќе наредниот ден ВМРО-ДПМНЕ да влезе во влада, а СДСМ да ѝ отстапи пет од своите 10 места на Илинденска бр. 2. Ваквата влада, предложи премиерот, ќе го спроведе процесот на уставни измени, ќе го заврши скрининг-процесот кој е во тек, ќе ги отвори поглавјата од преговорите, а зависно од динамиката може и да затвори едно или две поглавја. Уставните измени, пак, понудил лидерот на СДСМ, да важат од моментот на одржување на втората меѓувладина конференција која е закажана без никакво одложување.

Мицкоски на ова возврати првиот предлог кој денеска го наведуваат во партиското соопштение – ДУИ да не е во таа влада, а уставните измени да важат откако во парламентите на земјите членки на ЕУ ќе почне ратификацијата на пристапниот договор на земјава во Унијата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ инсистира владејачката партија да каже што е прифатливо, во СДСМ се одржаа состаноци на Централниот и Извршниот одбор на партијата на кои се формираа работни групи за да ги продолжат преговорите со опозициската партија.

ДУИ, пак, чие неучество во владата е еден од условите на Мицкоски, веднаш по лидерската соопшти дека се согласува да го исполни тоа. Но, нејзиниот став е да излезе од Владата откако ќе се изгласаат и ќе стапат на сила уставните измени. Ова вчера интегративците го реафирмираа и на состанок на Централното претседателство на партијата.

„ДУИ, преку едногласна одлука на Претседателството, го реафирмираше ставот за подготвеноста на партијата веднаш да се постигне договор со кој опозицијата ќе ги поддржи уставните измени кои би влегле во сила пред одржувањето на Втората меѓувладина седница со Европската Унија, а ДУИ ќе поддржи преодна Влада без нејзино учество до наредните избори“,

рекоа вчера од ДУИ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БЛАЖЕ МИНЕВСКИ ГО ДОБИ РАЦИНОВОТО ПРИЗНАНИЕ ЗА РОМАНОТ „АКО СЕ РОДАТ НЕКАКВИ ЧУВСТВА“

Следно

Ердоган задоволен: Успешно го организиравме финалето од Лигата на шампиони

Latest from Blog

Емилијано Мартинез со порака за Меси: Ти ме направи светски шампион, ти благодарам!

фото: MonseteveHD | Deportes @canal_monseteve (X) Емилијано Мартинес испрати емотивна порака до Лионел Меси по одлуката на аргентинската легенда да стави крај на репрезентативната кариера. Голманот на аргентинската репрезентација му се заблагодари

ПОТРЕС ВО АРМИЈАТА НА САД – Висок функционер поднесе оставка, зад сè стои конфликт со една личност

Секретарот на американската Армија Ден Дрискол поднесе оставка до претседателот Доналд Трамп, објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со случајот. Еден од изворите изјави дека одлуката не е изненадување, имајќи

Индонезија добива прв носач на авиони: Поранешниот италијански „Џузепе Гарибалди“ плови кон новиот сопственик

По формалното предавање, на бродот ќе му биде дадено индонезиското знаме и новото име „КРИ Гаџа Мада“. Се очекува патувањето до Индонезија да трае повеќе од 20 дена, преку Суецкиот канал и

Јувентус и Борусија (Д) во финална битка за Волтемаде

фото: Newcastle United (X) Јувентус е во преговори со Њукасл Јунајтед за ангажман на германскиот напаѓач Ник Волтемаде на позајмица. Според италијанските медиуми, клубовите разговараат за едногодишна позајмица со надомест од околу
Go toTop