КОЈ ГО ЗАТВОРИ? Осум години без базен во Пробиштип, отворен дури сега

September 19, 2025
1 min read

Во Пробиштип неделава, градоначалникот Драган Анастасов – Ладич го претстави завршениот проект за реконструктуираниот затворен базен во ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип. Сепак, долгогодишните најавувања и тајмингот на завршување пред избори отвори прашања низ општината и пошироко. Зошто еден веќе изграден базен во Пробиштип цели осум години стоеше заклучен? Зошто генерации деца пораснаа без можност за пливачки тренинзи, иако објектот беше таму?

Според достапни соопштенија и документи, базенот бил во функција и во 2017 година, кога таму се одржувала пливачка школа. Веднаш потоа објектот бил затворен со образложение за реконструкција, но цели години остана недостапен за учениците и младите од Пробиштип. Отворањето по толку долг период наметнува дилеми околу тоа колку навистина време било потребно за да се доврши зафатот и зошто во меѓувреме не беше одржуван.

Настанот беше проследен и со реакции дека проектот се претставува како сосема ново достигнување, иако неговата изградба и првична функционалност датираат од порано. Дополнителна тежина му дава фактот што отворањето доаѓа во период на интензивни подготовки за локалните избори во 2025 година, кога граѓаните ќе одлучуваат кому ќе му ја доверат довербата за водство на општината.

 

Отворањето на базенот, на крајот, носи повеќе прашања отколку одговори. Како се трошат јавните пари кога станува збор за вакви зафати? Дали навистина станува збор за долги административни процедури и технички реконструкции, или во позадина постои инает меѓу различни власти кои не сакаат да го признаат она што било направено претходно? И ако е така – дали токму тој пристап е причината што еднаш функционален базен цели осум години стоеше затворен?

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски најавува современи велосипедски патеки по европски стандарди

Следно

Честитка од македонската заедница во Тирана за претседателот на Собранието, Нико Пелеши

Latest from Blog

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од
Go toTop