Честитка од македонската заедница во Тирана за претседателот на Собранието, Нико Пелеши

September 19, 2025
1 min read

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, од име на македонското национално малцинство во Република Албанија, му го честиташе изборот, за претседател на парламентот, на Нико Пелеши, кој често кажува дека „македонската заедница е прекрасна, вредна и почитувана заедница, што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности во Албанија“.

Дозволете ми, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви гочеститаме изборот на функцијата претседател на Собранието на Република Албанија и да ви посакаме успех. Македонското национално малцинство во Република Албанија ве поддржува безрезервно и е убедено во вашиот успех.

Веруваме, се додава, дека со вашето водство на Собранието ќе помогнете во подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија, стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КОЈ ГО ЗАТВОРИ? Осум години без базен во Пробиштип, отворен дури сега

Следно

Николоски: По Локалните избори нови мерки и поволности за купување на станови и куќи за младите

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop