Кој го нападна Северен тек?

February 3, 2023
1 min read

Украина за експлозијата инстантно ја нападна Русија, нејзините западни сојузници првично се придружија кон обвинувањата за потоа да ретерираат околу инвалидизирањето на 20 милијарди вредниот гасовод.

До сега Данска, Германија и Шведска имаат спроведено, или уште спроведуваат, сопствени одделни истраги, и ниту една од нив не објави јавно кој сметаат дека е виновникот. Швеѓаните само објавија дека на дното откриле траги од експлозиви без да даваат дополнителни детали.

Додека германски политичари алармираат дека извршителот мора да се објави за да се стишат сите потенцијални теории на заговор и шпекулации, западни аналитичари признаваат дека се изненадени од тоа колку малку информации до сега имаат објавено истражувачите.

Како ретко за што од почетокот на војната, дел од западните аналитичари и функционери се согласуваат со Кремљ кога тврди дека нема никаква врска со нападот на нивниот гасовод. Дури и германската истрага која се уште не е завршена „останува отворена за теориите дека нападот е извршен од западна држава со цел за тоа да се обвини Русија“.

Неодамна Вашингтон пост објавува дека 23 дипломатски и разузнавачки функционери од 9 различни западни држави изјавиле дека се уште чекаат да видат докази кој ја поврзуваат Русија со нападите.

Алиби на Русија и дава и планот за кој неодамна пишуваше Њујорк тајмс кој тврди дека Москва веќе почнала да се подготвува за поправка на гасоводот, која се очекува да чини околу 500 милиони долари.

Додека енергетски експерти од Брисел сметаат дека има логика Русија да го нападне сопствениот гасовод (ако некоја струја во рускиот врв сакала да се одблокира испораката на гас за Европа, а друга била против), поранешниот прв човек на германското разузнавање тврди дека има неколку држави со сериозен интерес гасоводот да не работи, меѓу кои ги именуваше САД, Украина, Полска и Британија.

Британија за сега е првоосомничената и кај Русите, кои во октомври обвинија дека нападот е извршен од британската Кралска морнарица.

За многумина голема коинциденција беше и една изјава на Бајден кој две недели пред почетокот на инвазијата на Украина порача дека ако Русија влезе во Украина „Северен тек 2 повеќе нема да постои. Ви ветувам: можеме да го направиме тоа“. По експлозијата, поранешниот полски министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, напиша „Фала ти САД“, за подоцна да го избрише твитот.

Освен што Белата куќа отфрла секаква вмешаност во нападите, нејзината позиција ја поддржуваат и аналитичари кои објаснуваат дека е администрацијата на Бајден која во 2021 се откажа од санкции против Северен тек 2 за да ги подобри односите со Берлин, не би дозволила напад на гасоводот.

Британски тајмс ја пренесува изјавата на поранешниот советник на американскиот департман за енергетика и асистент на Харвард, Бенџамин Шмит:

„Не мислам дека е изненадувачки тоа што се уште нема издржани докази. Процесот на подморско вештачење ќе трае уште многу долго. Ова е сценарио во кое можеби никогаш нема да го откриеме клучниот доказ.“

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Наградата „Стале Попов“ на ДПМ за романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Во црквата „Свети Спас“ денеска не може да се влезе, иако е дозволено движење на пешаци во околината

Latest from Blog

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал

„Комуналец“ и еко активистите од „Мој Прилеп“ спроведоа акција за чистење на дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Комуналец – Прилеп и „Мој Прилеп“ со успешна акција: Исчистен дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на
Go toTop