„Кој е следен“ достави формално барање за е-инспекторат до Владата

April 9, 2025
1 min read

Организацијата „Кој е следен?“, која во четврток ќе организира нов протест пред Владата, денеска формално го достави првото формално барање – воведување на т.н. е-инспекторат, по што ќе следат и останати. Според нив, треба да се направи алатка во која ќе се внесуваат сите записници од извршени инспекциски надзори и тие да бидат отворени за да секој може да види дали објектите што ги посетува се безбедни. Ујмер Муамеди, како претставник на „Кој е следен?“ посочи дека ова не е ново барање, туку е презентирано недели претходно, но сега го доставуваат формално бидејќи институциите не изреагирале кога било јавно презентирано.

„Тоа ќе биде страница, каде секој од нас ќе може преку името на локалот да види на страницата што констатирале инспекциските надзори. Во случај да напишете име на субјектот, а да не ви излезе ништо, тоа значи дека врши дејност која не е регистрирана во соодветните регистри“, рече Муамеди.

Тој притоа најави етапно поднесување на нивните барања во однос на кочанската трагедија во која загинаа 61 лице. Ќе се почне со формално доставување до архивата на сите институции кои сметаат дека се надлежни за спроведување на барањата.

На прашање дали доколку нивните барања се игнорираат од страна на властите, иницијативата „Кој е следен“ би прераснала во политичка партија или политички субјект, Муамеди истакна дека моментално немаат таква амбиција и дека „тука се за системски промени“, бидејќи, како што вели, јасно ни е на сите дека кој и да дојде на власт, со ваков поставен систем,ништо нема да се смени.

-Ние секако дека ќе ги искористиме механизмите за остварување на барањата, но ништо не е исклучено во иднина, додаде Мухамеди. Околу прашањето колку луѓе стојат зад „Кој е следен“ и што е тоа што им дава политичка тежина тој рече дека директно во иницијативата се ангажирани околу шеесетина луѓе.

„Системот заборава, ние не!“ – под овој слоган, иницијативата најави уште еден протест што ќе се одржи утре, четврток, со почеток во 18:00 часот пред Владата. Од таму, предвиден е марш преку Судскиот совет и Собранието до Кривичниот суд.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Нови правила за туристите, казните се високи

Следно

Пандов: Во затворите имаме богати криминалци, даваат по илјадници евра за телефон!

Latest from Blog

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал

„Комуналец“ и еко активистите од „Мој Прилеп“ спроведоа акција за чистење на дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Комуналец – Прилеп и „Мој Прилеп“ со успешна акција: Исчистен дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Нема милост за „мастачите“: Карвина исфрлена во најнизок ранг на натпреварување

Одделот за етика при Фудбалската Федерација на Чешка, донесе одлука, со која екипата на Карвина се исфрлува во најнизок ранг на натпреварување поради три наместени мечеви. Ова е клуб кој што е
Go toTop