Кој дозволува странски кустоси на наши локалитети на туристите да им раскажуваат нивна верзија на историјата?

July 21, 2023
1 min read

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски денеска, на средба со новинарите, рече дека во нашите музеи и локалитети нема доволно кустоси, поради што, многу често, странски водичи на туристичките групи им раскажуваат поинаква историја.

Во археолошките и други локалитети треба да имаме кустоси кои ќе ги пречекаат туристите и ќе им ја кажат историјата на вистински, автентичен начин. Недозволиво е тоа да го прават туристики работници од други земји кои ја извртуваат историјата. Еден до првите мотиви за посета на земјава е културното и историското богатство кои го имаме во изобилство и по кое сме прочуени во светски рамки. Но, се почесто и се повеќе се случува во нашите музеи и археолошки места туристите да не бидат пречекани од кустос или овластен водич, туку историјата е извртена и кажана од страна на водич што ја води групата. По правило, секој музеј или археолошки локалитет треба да има кустос кој на одреден јазик ќе ја раскаже историјата на местото и тоа по закон треба да биде така, истакна Јаневски.

Во овој момент нема бројка колку кустоси недостасуваат зашто музеите и локалитетите се под Министертсвото за култура.

Културата и туризмот се комплементарни дејности, голем број земји веќе имаат препознаено можност да се има министерство за култура, но и министерство за туризам кое се грижи за културното наследство, ни и овозможува негово соодветно и правилно презентирање. Туристичката дипломатија овозможува презентирање на земјата, градење културни мостови и промоција на културното, историското и етно богатството, нагласи директорот.

АППТ се обратила до Министертвото за култура кое во текот на летните месеци ангажира кустоси, со договор на дело, во поголем дел од локалитетите, центрите и музеите.

Сметам дека треба да бидат ангажирани поголем број кустоси, посебно сега, кога е зголемен бројот на туристи и групи. Се надевам дека тоа многу брзо ќе се сервисира зашто, сепак, некои локалитети и историски места немаат потреба од кустоси во текот на целата година, рече Јаневски.

Тој најави дека Агенцијата догодина, како дел од Стратегијата за култура, ќе изработи неколку апликативни решенија за 50-те најпосетувани музеи и етнографски колекции.

Ќе почнеме голем проект во соработка со Министерството за култура и Заводот за заштита на спомениците, ќе создадеме виртуелни тури за нашето историско и културно богатство. Ќе овозможиме туристите, преку виртуелна реалност, да се запознаат со тоа каков бил животот во тоа време на тоа одредено место или локалитет, информира Јаневски

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Невреме во Хрватска: Во парламентот протече вода за време на вонредна седница

Следно

И Србија под закана на ново невреме: МВР издаде предупредување и совети до граѓаните

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop