Кои експерти ќе учествуваат во работната група за уставните измени?

April 8, 2023
2 mins read

Дел од правните експерти кои беа поканети од министерството за правда да учествуваат во работната група за подготвување на уставните измени за телевизија „Телма“ потврдиле дека ќе бидат дел од групата, дел пак се уште размислуваат, а некои пак веќе ја одбиле поканата.

Поранешната министерка за правда и образование која воедно е и професорка по уставно право, Рената Дескоска за „Телма“ изјави дека се уште има дилеми дали да ја прифати поканата. Вели дека се уште не дала согласност, но и дека нејзиното учество ќе зависи од задачата и форматот на групата.

„Не сум се сретнала со премиерот, ниту со министерот за правда во врска со уставните измени. Не сум дала согласност за учество во работна група за измена на Уставот. Моето евентуално учество ќе зависи од задачата која ќе биде зададена и форматот на работната група. Во моментов информациите во јавноста за овие прашања се нејасни“ – вели професорката по уставно право на правен факултет“,

изјави Дескоска за „Телма“.

Од друга страна, позитивен одговор дале професорот Јетон Шасивари, но и поранешната судијка во Судот во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска која кажа дека во рамките на нејзиното богато искуство е подготвена да даде свој придонес во оваа експертска група.

Но има и такви кои го одбија повикот. Еден од нив е академикот Владо Камбовски кој рече дека добил покана но истиот го одбил бидејки во моментов нема политички консензус, а смета и дека работите се поставени наопаку. Тој кажа дека мора да има силен политички договор и поддршка за промена на Уставот и дека постои процедура која треба да се почитува.

Инаку, претходно денеска понудата за учество во работната група ја одбија најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христијан Мицкоски кажа дека во оваа фаза тоа е беспредметно и оти власта сака да го политизира процесот.

„Нема да учествуваме во работната група, тоа сме го кажале многу пати во минатото, ги кажавме и причините затоа што работата на оваа работна група сега во оваа фаза е тотално беспредметна. И врвни правни експерти го коментираат тоа, дека овој прв чекор е практично утврдување на потреба за отворање на Уставот и доколку има две третини тогаш веќе се формира Уставна комисија, па се разгледуваат амандамни, се драфтираат, итн. Сега е тотално беспредметно, сакаат да го политизираат процесот. Еве уште еднаш јавно го кажувам ставот, и повеќе нема да се занимавам со таа тема, дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работатата на Комисијата која ја формира Министерството за правда, а има цел да работи на амандманите кои се потребни за уставните измени“,

рече Мицкоски.

Негативен одговор пристигна и од Алтернатива од каде кажаа дека не може да постојат работни групи за изготвување или пак за подготовка на уставните измени се додека не се постигне консензус помеѓу политичките партии за поддршка на овие измени, кои се неопходни за продолжување на интеграцијата на земјата во Европската унија. Негативно одговори и Демократски сојуз на Павле Трајанов од каде кажаа дека промената на македонскиот устав е неприфатлива без реципроцитет, но и дека сѐ додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, Република Македонија не треба да почнува постапка за промена на Уставот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претставата за деца „Малиот принц“ во театарот „Сенки и облаци“

Следно

Милановиќ смета дека Хрватска не смее да биде заложник на амбициите на премиерот Пленковиќ

Latest from Blog

Додов: На 40 хонорарци од ФИТР им е раскинат договорот – не доаѓале на работа или доаѓале во 12 а си оделе во 14 часот!

Директорот Никола Додов изјави дека на 40 хонорарци од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) им бил раскинат договорот поради неисполнување на работните обврски. Според него, тие не доаѓале на работа

Аљбуљена Хаџиу повторно не доби доволно гласови за претседателка на косовското Собрание

Кандидатката на Движењето Самоопределување Аљбуљена Хаџиу, и по третпат не успеа да обезбеди доволно гласови за функцијата претседател на Собранието на Косово. На денешното гласање, 57 пратеници гласаа „за“, 46 „против“, а

Исени во 24 анализа: Треба да и се даде шанса на новата влада за да се покаже во борбата со криминалот и корупцијата

Политикологот Џенур Исени во 24 анализа рече дека треба да и се даде шанса на новата влада за да се покаже во борбата со криминалот и корупцијата. Според него, премиерот Мицкоски има

Флик во Барселона до 2027

Според пишувањата на локалните медиуми, германскиот тренер Ханси Флик ќе го продолжи договорот со шпанскиот фудбалски гигант Барселона на уште една година. Како што денеска објави шпанскиот весник Марка, се очекува поранешниот
Go toTop