Кога здравиот разум ќе падне во транс

1 min read

Њујорк магазинот има насловна тема од транс-авторот Андреја Лон Чу, со наслов: „Етичкиот случај да им се дозволи на транс децата да гименуваат своите тела“.

Мат Таиби вели дека во однос на ова, оној злокобен манифест на Унабомберот Тед Качински, звучи како сонет од Шекспир. И дека уредниците требале веќе на првиот пасос да му/ѝ кажат на Андреја „извини, ама ова е тешка глупост“. Но и објавувањето е драгоцено сведоштво – за кукавичлукот на американскиот интелектуален меинстрим.

Чу пишува:

Мора да бидеме подготвени да ја браниме идејата дека, во принцип, секој треба да има пристап до медицинска промена на полот, без оглед на возраста, родовиот идентитет, социјалната средина или психијатриската историја.

Добар дел од текстот е класичен нихилизам на „лап-топ класата“ која демек тргнала да го руши патријархатот, меѓу другото и со битка против „биолошкиот заговор“ да се произведуваат единици со материјална работна вредност, познати како бебиња.

Но, некогаш е тешко да се разликува ова од оној педофилски текст „Повик за социјална правда“ на асоцијацијата НАМБЛА (асоцијација за слободна љубов меѓу маж и малолетни момчиња).

Ги врзува идејата дека „децата имаат право на ризици кои произлегуваат од нивната слободна воља.“

Да а? Па пушти го да излета од прозор, може стварно ќе испадне Спајдермен. Има право на ризикот од неговата слободна воља, така?

„Њујоршкиот есеј совршено го доловува лудачкиот нихилизам на американските академски кругови кои на најидиотските форми на тинејџерска самоопседнатот им дадоа статус на мудрост. Ги сакаме нашите деца и фасцинирани сме од сè што прават, но нивните полни пелени не ги ставаме на ѕидови како уметност“, пишува Таиби.

Родителскиот страв од неплодност поради блокаторите на пубертет, Чу го толкува како длабок и несвесен страв на анти-транс движењето дека општеството нема да има доволно работна женска биологија за да го сочува стандардното семејство.

Со други зборови, родителите се водени од длабока несвесна грижа за општата идна демографија, а не затоа што ја сакаат сопствената ќерка и се секираат дека таа можеби ќе сака да има деца еден ден.

„Доста со шепкање. Ако некој сака да си го исече курот, треба да му веруваме дека тоа бил среќен избор и потоа да го третираме исто како и секој друг кој е способен да напише тешка глупост. А ова е тешка глупост. Мора ли да салутираме на секоја дебилштина која американските интелектуалци ќе ја подигнат на јарбол? Стварно ли вечно ќе трае ваквиот кукавичлук?“, пишува Таиби.

Цар.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

СДСМ: ДПМНЕ нема план, ние имаме опција која носи надеж и европска иднина

Следно

Македонската скијачка надеж Јана Атанасовска со нов рекорд за македонскиот спорт во Австрија

Latest from Blog