Кога различноста кај младите зборува во еден глас: Овој простор им припаѓа на сите

July 6, 2025
4 mins read

Групната изложба „Овој простор им припаѓа на сите“ се состои од дела на четворица млади уметници, кои за првпат се претставуваат заедно во ваков формат. Џемилиана Абдулова, Бурџу Мусли, Марко Печеновиќ и Харис Муриќ, иако секој со своја специфична поетика, во оваа изложба ги поврзува смелото истражување и експериментирање со интеркултурните, идентитетските, родовите и интердисциплинарните слоеви на современото, постмодерно општество.

Изложбата ја отвори Роберт Алаѓозовски кој истакна дека е чест и задоволство да се обрати на оваа извонредна изложба на четири млади автори, чии дела ги изразуваат траумите, опсесиите, прашањата коишто го мачат човештвото во овие дваесетина години. Тој ги претстави уметниците и нивните дела и појасни од каде произлегува мотивот и насловот за организирање на оваа изложба.

„Оваа изложба е дел од еден проект којшто се бави со интеркултурниот дијалог, со охрабрувањето на младите, со давање шанса на оние коишто немаат доволно шанса да се изразат. Затоа и глобалниот наслов на изложбата е наречен „Овој простор им припаѓа на сите““ посочи тој.

Кураторот на изложбата, уметникот Ѓорѓе Јовановиќ додаде дека одамна толку лесно не направиле изложба и ја истакна генерациската поврзаност на уметниците, кои иако сосема различни автори успеале да се поврзат и да создадат заедничко дело.

„Имаше толку некоја брза и ефикасна комуникација. И тоа што многу ми е интересно, се работи за сосема различни автори, со сосема различни фокуси, но тука таа нивна генерациска блискост гледаме навистина една рефлексија на духот на времето пресликана во нивните дела.“ заклучи тој.

Џемилиана Абдулова во своите дела се фокусира на ромскиот идентитет, Романипе, кој е ризница на обичаи, историјата и сè што ги прави Ромите свои и уникатни. Соочена со предизвикот како да го долови духот на една богата и разновидна култура каква што е ромската, таа во своите дела го користи артивистичкиот пристап, како моќна алатка со која паралелно се спротивставува на сите стереотипи и предрасуди, со коишто изобилува нашето патријархално и традиционално општество. Абдулова истакна дека оваа изложба е одлична прилика да ја сподели тематиката на нејзината уметност со поголема публика и со луѓе кои не ја познаваат доволно ромската заедница. Таа испрати и порака за меѓусебна поддршка на жените поетеси, кои се помалубројни, особено од ромската заедница.

„Мојата порака е дека сите сме исти, но сакам да им покажам и на другите дека се бориме што повеќе да покажеме дека Ромите имаат многу богата култура. Тоа и претставува видеото, склоп е од поезија, од песна и нормално визуелниот дел… Исто така имам земено поезија од четири жени ромки, авторки, поетеси, бидејќи нема многу поетеси поготово и во ромската култура, неколку сме и треба едни со други да се поддржуваме.“ порача Абдулова.

Темите што Бурџу Мусли ги избира во своите дела се длабоко поврзани со културата на жените од источните општества. Таа го истражува женскиот идентитет, перцепцијата на женската сексуалност и нејзиното разбирање во патријархалните општества. Таа често користи фолклорни и ориентални симболи, спојувајќи ја традицијата со модерноста. Оваа двојност создава богата нарација, која одекнува со минатите и сегашните борби на жените во овие региони.

„Со сите мои дела највеќе ме има инспирирано мене жената…Особено жените од Истокот и што пораснале со источната култура немаат баш за сè право, да живеат како нормална жена и… за тоа се борам со моите дела“ изјави таа.

Харис Муриќ се претставува со селекција на постери што се дел од неговиот проект „When Do I Stop?“, во кој во текот на 2024 година креирал по еден плакат неделно. Овој негов концепт наликува на визуелен дневник, во кој тој ги рефлектира разните искуства и сензации од музиката, филмовите и литературата. Во циклусот „When Do I Stop?“, Харис ги комбинира вешто фотографијата, колажот, цртежот, типографијата и поезијата и преку нив ги продлабочува значењата и слоевитоста на постерот, надвор од границите на неговата комерцијална намена. Тој ја коментира оваа групна изложба како доказ дека младите можат преку своите различности да покажат зошто е важна еднаквоста во нашето општество.

„Изложбата е…одраз на секојдневието, на носталгијата, на дијалозите коишто ги имаме, различностите, потребите, побудите, и сè што на нас како млади луѓе ни фали во секојдневието…Секојдневието коешто нас не разгорува за да постоиме во него и се трудиме да пронајдеме свој глас како млади луѓе, колку и да сме различни едни од други, да дадеме нешто што би дало една арома на еднаквост.“ објасни Муриќ.

Марко Печеновиќ, во своите дела ги спојува цртежите, сликарските и текстуалните елементи со хаотична, слоевита естетика. Отуѓувањето, призрачните и распарчени форми зборуваат за постмодерната субјективност, фрагментацијата на себството и медиумски предизвиканата отуѓеност.  Според него, инспирација за изложбата била самата покана за учество, но и искуството и доживувањето од работата на ваков групен проект. Тој ја гледа убавината во овој проект во чувството дека иако различни, групната изложбата покажува дека сепак нема голема разлика во тоа низ што поминуваат младите уметници.

„Се осеќам ко пример да имам некои влијанија, како од претходно да сум ги знаел нив и ко да сум земал нешто од нивното. Дека доста сум бил и во тие некои стилови, води… Така да тие различности не се толку дека ние се разликуваме едните од другите, туку само сите сме го поминале на некој начин истово што го правиме тука и тоа е убавината во целата изложба“ истакна тој.

Групната изложба „Овој простор им припаѓа на сите“ е дел од проектот „Интеркултурен хаб Скопје“ на ЗГ Есперанца Светски културен центар, Институтот за медиуми и аналитика ИМА и Центар Јадро Скопје. Во рамките на проектот, посебен фокус се става на културата на помалите заедници, како еден од најранливите и најзапоставените делови на културниот екосистем во земјата. Со оваа изложба, КСП Центар-Јадро и проектните партнери сакаат да им дадат шанса на овие млади, но докажани уметници да се претстават посоодветно пред скопската публика.

Проектот е поддржан од програмата „Ваха 3: Враќање на јавните простори преку уметноста и културата во солидарност“. Ваха е Иницијатива на Анадолу култур и Зуса, финансирана од Фондацијата Меркатор и Европската културна фондација.

Изложбата се отвори на 27 јуни 2025 (петок) во 20 часот во Центар Јадро Скопје, и ќе биде отворена до 10 јули, секој работен ден од 10 до 16 часот.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Koj e Орце Ѓорѓиевски кој претендира да биде следен Скопски татко?

Следно

„Ќе го воскреснам Скопје“ – Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Latest from Blog

Мартин Костовски: Голема нервоза во белата палата, Петрушевски ме клевети со лаги за кои веќе има судска одлука

Во реакција на својот профил на Фејсбук на прес конференцијата на Бране Петрушевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, порача: Голема нервоза во белата палата. Го извадиле Бране, човекот

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија во обид да го спречи протокот на мигранти, пренесува ДПА. Портпаролот на полската гранична полиција Конрад Швед за новинската агенција ПАП изјави дека

Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, вели ќе го воскресне градот

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе трча за мандат на Град Скопје на претстојните локални избори по предлог на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Кандидатурата се официјализира по седницата на

Баерн му вети безрезервна поддршка на повредениот Мусиала

Извршниот директор на минхенски Баерн Минхен, Макс Еберл, вети целосна поддршка од клубот за германскиот репрезентативец Џамал Мусијала, кој претрпе фрактура на фибулата на левата нога за време на четвртфиналето на Светското

ЦУК: Пожар во Ѓорче, зафатен и дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци – пациентите и персоналот евакуирани

Денес попладне избувна пожар во населбата ГеГе кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја. Пожарот
Go toTop