Кога ќе се „разбудат“ пратеничките канцеларии за да им служат на граѓаните?

December 6, 2024
1 min read

Претседателот на Собранието Африм Гаши, се обидува да ги разбуди заспаните пратенички канцеларии, во државата, во кои граѓаните треба да бидат пречекани од пратениците за да ги слушнат и решат нивните секојдневни предизвици. Гаши денеска беше во Охрид за да види како течат контактите меѓу пратениците од овој крај и граѓаните. Од таму тој порача дека непосредниот контакт со пратеникот е една од најважните работи во парламентарната демократија,

„Избраниот пратеник, најдобро е да се види со граѓаните, не само во изборни циклуси, туку и во текот на мандатот. Тоа е смисла на постоење на овие канцеларии, секој петок пратенциите да можат да бидат во контакт со граѓаните. Ние како Собрание се обидуваме да не закажуваме седница“, рече Гаши, кој беше придружуван од охридските пратеници, Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа.

Пратеничките канцеларии произлегуваат од членот 36 од Законот за Собрание, според кој Собранието, во соработка со единиците на локалната самоуправа, обезбедува соодветни услови за остварување на контактите на пратеникот со граѓаните во неговата изборна единица.

„(2) Секој последен ден во работната недела (петок) се определува како ден за контакти на пратениците со граѓаните и избирачите во изборните единици. (3), Собранието во денот определен во ставот (2) од овој член по правило не одржува пленарни седници, седници на работни тела и активности на пратенички групи за соработка со парламенти на други држави, освен во итни и неодложни ситуации. “, пишува во став 2 и 3 од член 36.

Собранискиот спикер, најави дека од минатиот петок ја почнал праксата со посетите на канцелариите и дека ќе ја продолжи и во иднина. Засега има отворено 35 пратенички канцеларии, а според податоците на собранискиот сајт треба да бидат отворени вкупно 75 пратенички канцеларии.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Возете внимателно- Поради магла намалена видливост до 50 метри кај Буково

Следно

10 фирми добиле тендери од 1 милијарда евра – за 5 години, 5,8 милијарди евра преку јавни набавки

Latest from Blog

Најмалку пет лица загинаа во пад на воен хеликоптер во Пакистан

Најмалку пет лица загинаа во падот на воен хеликоптер денес во Пакистан, соопштија регионалните власти. Според извештаите, двајца пилоти и тројца техничари ги загубиле животите за време на рутински лет, пренесува АП.

Коњановски: Учениците во Бистрица ќе учат во подобри услови

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на почетокот на новата учебна година го посети ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, каде што оствари средба со родителите и директорката на училиштето. Тој

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори

2 Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11
Go toTop