Кога ќе се прогласиш за градина, сегде ќе ти се гледа плевел

April 17, 2024
1 min read

За само неколку дена, на Конференцијата на европските конзервативни националисти двапати им беше откажано гостопримството во Брисел, пред организаторите да најдат домаќин во сала во општина близу Европскиот кварт.

“Во интерес на јавната безбедност, издадов забрана за одржување н Конференцијата во мојата општина. Во неа и во Брисел крајната десница не е добредојдена“, изјави Кир.

За да не настане инцидентна и конфликтна ситуацијата, полицијата решила постепено да го затвора собирот. Не наредила сите да ја напуштат салата, но како кој излегол, не можел потоа да се врати.

На присутните, проблемот им го открил британскиот евроскептик Најџел Фараж кој од говорницата рекол:

„Додека го зборувам ова, директорот на хотелот добива закани и наредби од градоначалникот и од полицијата да би ја затворат конференција“.

А се пожалил и дека и кетерингот и пијачките не се стигнати.

На „НатКон“ се поканети 40-тина фигури од конзервативната и религиозна десница и крајна десница од Европа, меѓу кои унгарскиот премиер Виктор Орбан, пратеници од Белгија и Франција, политичари од Шпанија, Полска…

По многу збрки, перипетии и најави за протести и контра-протести, се огласи белгискиот премиер Александер Де Кроо кој рече дека забрана на настанот е неприфатлива.

„Локалната автономија е столб на нашата демократија но таа не може да се стави над белгискиот устав кој уште од 1830 година гарантира слобода на говор и мирно здружување“, рече премиерот.

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бисломовски за „Студио 10“: Грејната сезона може да се продолжи до 30 април

Следно

Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година

Latest from Blog

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од

ВЛЕН: Дали ДУИ станува антизападна партија?

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија. Од ВЛЕН посочуваат
Go toTop