КОЕ Е ЗНАЧЕЊЕТО НА УСПЕНИЕ НА БОГОРОДИЦА?

August 28, 2025
2 mins read

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица.

Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот. Во сите храмови на МПЦ-ОА, особено во оние кои го носат нејзиното име, денеска се одржуваат празнични богослужби.

Православната Црква во август го слави крајот на земниот живот на Дева Марија, нејзината смрт, која ја нарекува Успение, збор што ги комбинира значењата на сон, блаженство, мир, спокојство и радост.

Не знаеме ништо со сигурност за околностите на смртта на Дева Марија, Мајката на Исус Христос. Од времето на раното христијанство, до нас стигнале разни приказни за таа смрт, претежно украсени со еден вид детска љубов и нежност. Сепак, токму затоа што овие приказни се различни, нема потреба да се испитува „историската веродостојност“ на која било од овие приказни поединечно.

На денот на Успението на Пресвета Богородица, Црквата го фокусира своето сеќавање и љубов не на тој фактички и историски контекст, ниту на точниот датум и точното место на крајот на земниот живот на Мајката на сите мајки и на таа сеобединета Жена, туку на она што ја претставува суштината и значењето на Нејзината смрт, каде и да се случила.

Црквата се сеќава на смртта на Неа чиј Син, како што вели нашата христијанска вера, ја победи смртта, воскресна од мртвите и ни го даде ветувањето за општо воскресение и славната победа на бесмртниот живот.

На празникот на мајката на животот Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана… Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име.

Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури и слично што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, и сл.

По раѓањето на Исус, Богородица живеела уште 48 години, извесен период кај старателот Јосиф, со синот Исус, а по неговото распетие и воскрeсение кај неговиот ученик и апостол свети Јован Богослов. За сето тоа време таа била директен сведок на многу важни настани што се од значење за христијанската црква.

Tешко дека дека некој друг во целата историја на религијата, особено во историјата на христијанството, привлекол толку многу внимание и толку многу љубов и бил извор на чиста, непоматена радост како Дева Марија. Таа се појавува на самиот почеток на Евангелието, потоа во приказната за свадбата во Кана Галилејска и на самиот крај, покрај Крстот на кој бил распнат нејзиниот Син.

Низ годините и вековите, ѝ се упатува радосен поздрав: „Радувај се!“ и нема ден, никаква служба или, со ретки исклучоци, никаква молитва, што не го споменува онаа во која, според зборовите на Црквата, „се радува секое создание“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новосаѓани со акција за помош на жртвите во Газа

Следно

Ен Хатавеј имаше незгода на снимањето на филмот „ Ѓаволот носи Прада 2“- падна на скали (ВИДЕО)

Latest from Blog

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе
Go toTop