Кое е следното ниво кон иднина без чад?

November 13, 2023
1 min read

реклама


Во секој производ поврзан со технологијата, нормално е со текот на времето да се видат подобрувања. Ако се сетите како изгледаа старите мобилни телефони и ги споредите со денешните, ќе забележите огромен напредок.

Kако и кај секој иновативен технолошки производ, тимовите кои стојат позади целиот процес секогаш се стремат да ја подобрат претходната верзија. Ако ги земеме за пример претходната генерација на уреди и новите IQOS ILUMA, има огромна разлика помеѓу двата производи во технологијата што се користи. Новата генерација уреди треба да исполни неколку очекувања на корисниците, но најголемиот фокус е на чистењето на уредите.

реклама

За компанијата Филип Морис Интернешнал овој новитет, што воедно е и најиновативниот производ во портфолиото – IQOS ILUMA претставува двигател на промените.

„Сè уште сме единствената тутунска компанија која си постави цел што е можно поскоро да ги замени цигарите со потенцијално помалку штетни алтернативи. Оваа заложба е и официјално објавена и зад неа стои Управниот одбор од компанијата, а исто така е испратена и до инвеститорите преку Њујоршката комисија за хартии од вредност. И верувам дека веќе постигнавме значителен напредок кон оваа цел. Денес, повеќе од 27 милиони возрасни пушачи ширум светот се префрлија на нашите производи без чад, од кои 72% целосно се откажале од пушењето, или повеќе од 19 милиони луѓе во 82 земји. Така, со текот на времето, стануваме одржлива компанија без чад. Компанија која се потпира на иновативни производи без чад. За нас, светот без чад е вистинската насока и решени сме да имаме активна улога во тој процес.“ – изјави Иван Костиќ, Генерален Менаџер на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.

реклама

На нашиот пазар, оваа нова технолошка иновација пристигнува на 20ти ноември, а ќе бидат достапни три модели на уреди, во различен опсег на цени – сите со најновата технологија на индукциско загревање. Подобрениот дизајн и перформанси се прилагодени според потребите на пазарот, па новата генерација решава два од најголемите предизвици на корисниците: полнењето и чистењето. Батеријата на новата генерација уреди има и подолг век на траење и новата технологија на индукциско загревање целосно ја елиминира потребата за чистење.

За да ја реализира визијата за свет без чад, Филип Морис Интернешнал треба да ги задоволи потребите и очекувањата на возрасните пушачи низ светот, а за да ја достигне таа цел се фокусира на целосно прилагодување на нивните потреби и преференци.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Италија: Вулканот Етна е повторно активиран

Следно

Судијките Мери Дика Георгиевска и Снежана Манев ги потпишаа свечените изјави во Судски совет

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност
Go toTop