Кочоска: Да сум погрешила кон Славјанка би се извинила, времето ќе покаже кој бил во право!

March 6, 2025
1 min read

Во одговор на новинарско прашање поврзано со навредите кон Славјанка Петровска од СДСМ, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека за неа веќе е затворено тоа прашање.

-Жалам што имаше таков дефокус во однос на тоа што јас го кажав од говорницата и како беше интерпретирано. Мислам дека неколку пати повикав на тоа луѓето да ја ислушаат целата комуникација во Собрание и самите да носат заклучоци. Во однос на извинувањето мислам дека својот став го кажав, кога би погрешила би се извинила. Воопшто немало тенденциозност ниту некаква намера, рече Димитриеска – Кочоска.

Министерката вели дека на седницата зборувала за трошоците на живот и врз основа на тоа не би сакала да коментира понатаму на таа тема.

-За мене како што кажав, тоа е затворено, но би замолила една работа. Граѓаните да бидат стрпливи, да почекаат малку. Времето ќе покаже кој бил во право, а кој не бил и зошто се случуваше сето ова. Оставете на времето, ве молам. За многу скоро ќе ви биде јасно на сите зошто се случуваа сите овие работи, рече министерката за финансии Димитриеска – Кочоска.  

Инаку министерката за финансии Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески потпишаа Меморанудм за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Охрид СОС: Современото архитектонско наследство во Охрид е во опасност

Следно

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop