Коалиција „ВРЕДИ“: Ахмети ќе го жртвува Османи бидејќи се исплаши од Таравари

February 22, 2024
1 min read

Изјавата на Ахмети за “големата вест” потврдува најмалку две работи.

Првата, дека ДУИ е безидејна партија која со предлози извадени од нафталин покажува целосна немоќ да ги претставува Албанците на највисоко политичко ниво. Крајно понижувачки за митот за Али Ахмети е да излегува со вакви бајати тези само за да конкурира на предлогот на кандидатот на здружената албанска опозиција др. Арбен Таравари во иднина изборот на шефот на државата да се прави во Собрание.

Втората, дека сеуште живеат во филмот дека имаат монопол на принципите за стратешкото партнерство во ЕУ и САД. Наместо да се мачат како да објаснат зошто Али Ахмети се плаши да излезе на изборен мегдан, и затоа ќе го жртвуваат Бујар Османи, нека излезат од теснопартиските интереси и нека го подржат Арбен Таравари за прв претседател Албанец.

Логично се поставува прашањето: зошто ДУИ сака да го подели гласот на албанците? На кого му служи Али Ахмети со овој потег?

Коалицијата “Вреди” не се бори за утешни награди туку за чесна и реална улога на Албанците во политичкиот живот. Ахмети ако веќе не е способен да се бори за интересите на Албанскиот народ, чесно е да замине во политичка пензија, изјави на прес конференција Фари Хисени, од Коалицијата ВРЕДИ.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Белград е прогласена епидемија на мали сипаници

Следно

СТАНА ТАТКО ПО ПЕТТИ ПАТ: Поранешниот на Северина доби наследник на кого му даде две имиња, едното го носи и нивното заедничко дете со пејачката!

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop