Кнесетот го одобри законот што го запира емитувањето на Ал Џезира во Израел

April 2, 2024
1 min read

АЛ-КУДС (АА) – Израелскиот Парламент со второто и третото гласање го одобри предлог-законот со кој се спречува катарската телевизија Ал Џезира да емитува програма во Израел, јавува Анадолу.

Израелскиот Парламент на вчерашната седница во вториот и третиот круг на гласање го прифати предлог-законот, јавно наречен „Закон за Ал Џезира“, со кој „на Владата ѝ дава овластување да затвора странски медиумски организации со образложение дека тие ѝ штетат на националната безбедност на Израел“.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху во својата објава на платформата на социјалната мрежа Х тврди дека Ал Џезира ѝ наштетила на израелската безбедност, активно учествувала во нападите на 7 октомври и користела провокативен јазик против израелските војници.

Истакнувајќи дека каналот повеќе не може да се емитува во Израел, Нетанјаху рече: „Имам намера да преземам итни мерки во согласност со новиот закон за да ги стопирам активностите на каналот.“

Нетанјаху изјави дека го поздравува нацрт-законот, кој беше поддржан од израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи и членовите на парламентарната комисија предводена од Офир Кац, а кој беше одобрен во Парламентот.

Се наведува дека предлог-законот, за кој Нетанјаху долго сакаше да биде одобрен, е воведен со цел „да се запре емитувањето на Ал Џезира во Израел“, особено за време на израелските напади врз Газа. Нацрт-законот му дава на министерот за комуникации овластување да отстрани „медиумски орган“ од платформата за емитување „поради тоа што ѝ штети на националната безбедност“, да ги затвори канцелариите во Израел, да ја конфискува неговата опрема и да го блокира пристапот до веб-страниците.

На 20 октомври 2023 година израелската државна телевизија КАН објави дека израелската Влада одобрила прописи што дозволуваат затворање на телевизиските канали што „претставуваат закана за државната безбедност“ и изјави дека во согласност со одлуката можно е да се затворaт канцелариите на Ал Џезира во Израел и да се заплени нејзината опрема.

Израелските министри го одобрија нацрт-законот, познат во медиумите како „предлог на Ал Џезира“, на 12 февруари, а Парламентот го одобри законот од првото читање истиот ден.

Израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи на 21 февруари објави дека се завршени потребните процедури за блокирање на преносите на Ал Џезира.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во централна и јужна Грција минатиот месец бил најтоплиот март во последните 15 години

Следно

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Latest from Blog

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop