Клоп се расплака на неговиот проштален настан со навивачите на Ливерпул

May 29, 2024
1 min read

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не можеше да ги задржи солзите на средбата со навивачите на клубот.

Германецот вчера на стадионот на Ливерпул кога ја сумираше својата 9-годишна работа во клубот заплака.

Клоп истакна дека приклучувањето во англискиот тим е неговата најдобра одлука во животот, покрај бракот со сопругата Ула, а навивачите одговорија со скандирање на неговото име.

Во Ливерпул Клоп пристигна во октомври 2015 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Англија, а воедно и победник на Лигата на шампионите. Покрај тоа, Ливерпул двапати го освои англискиот Лига куп и стана победник на националниот куп.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и грмежи

Следно

Најтешките моменти од својот живот ги преточи во песна: Слушнете ја „Херој“ – новата песна на Тамара Волческа

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop