Клисарова: Најсериозен проблем со кој се соочуваме на Клиниката за онкологија се ограничените ресурси, а бројот на пациенти се зголемува

October 31, 2023
1 min read

реклама


Имаме ограничен буџет – далеку помал од нашата реална потреба за набавка на терапија. Нашите реални потреби сме принудени да ги вклопиме во лимитирани финансиски рамки, рече д-р Виолета Клисарова, в.д. медицински директор  на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија која денеска сведочи на седница на собраниската Анкетната комисија за истражување на работата на Клиниката. 

Посочи дека постојано укажувала до Владата и Министерството за здравство за, како што рече, оваа агонија во која е доведена Клиниката. Работи 20 години на Онкологија, а за в.д. директор е назначена на 2 ноември минатата година.

реклама

Рече дека по многу години ги вовела редовните стручни состаноци, кои порано ги имало, па биле прекинати, формирала онколошки конзилиум уште првиот месец од именувањето, сакала да постигне, рече, рационалност во препишувањето лекови со висока цена, по строго определени критериуми според медицина базирана на докази и ги апдејтирала онколошките протоколи.

Истакна дека најсериозен проблем со кој се соочила во управувањето со ресурси е нивната ограниченост наспроти неограничениот број на пациенти кој секој ден се зголемува. Поради зголемениот квантитет, рече, доаѓаат во ситуација да го нарушат правото на пациентите  за навремена здравствена грижа. 

реклама

Смета дека е крајно време да профункционира дисперзијата во лекување на пациенти со малигни заболувања за што, рече, нивните молби кон други клинички болници со радиотерапија во земјава не вродиле со плод. Ги посочи Клиничката болница Битола кој има радиотераписки апарат што не работи, има кадар и опрема, а третира мал број пациенти. И клиничките болници во Штип и Тетово имаат специјалисти радиотерапевти онколози. За ГОБ „8 Септември“, рече, има радиотераписки апарат што Онкологија го нема и за таа услуга ги испраќа пациентите  во странство. 

-Дисперзијата мора да биде овозможена и поддржана од државата за клиники каде што се воспоставиле услови и кои имаат кадар и опрема. Мислам дека таму каде што има ресурси и кадар, треба да има институционален притисок врз овие институции, рече Клисарова. 

реклама

Укажа дека е во пораст бројот на болни со малигни заболувања и често значаен дел се со метастатска фаза и тоа, рече, треба да биде аларм за државата да се фокусира на превенција на малигни болести. 

Апелираше до истражните органи што поскоро да заврши постапката со утврдување на злоупотреба на Клиниката и ако се утврди вина, да се именуваат виновниците и да се отфрли колективна вина која, рече, е надвисната над Клиниката во која работат професионални и одговорни лица. 

-Се создаде недоверба кон Клиниката, паника во јавноста и меѓу нашите пациенти. Не им е доволна маката со тежината на болеста, туку сега имаат и несигурност како ќе бидат третирани, рече директорката на Онкологија. 

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Западен Брег: Досега 124 Палестинци загинаа од истрели на израелската војска

Следно

„Газа се претвора во гробишта на деца“

Latest from Blog

Градежни работи на автопатот Кичево – Охрид, жителите се жалат: Немаме пристап до селото

Градежни работи на автопатот Кичево–Охрид предизвикуваат револт кај жителите на околните села. Жителите кои живеат во близина на делот каде што се изведуваат работите се жалат дека им се блокирани пристапите до

Тамара Котевска го започна снимањето на „Човек против јато“ во штипскиот крај

По успехот на документарецот „Медена земја“, номиниран за два Оскари во 2020 година, режисерката Тамара Котевска се впушти во својот прв долгометражен игрален проект „Човек против јато“, чија главна снимачка локација се

Повторно карамбол на Партизанска: тројца млади повредени, штета од 200 илјади денари

Тројца млади скопјани се здобија со телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи во петокот, 4 јули, околу 23:25 часот на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Лондонска“. Според информациите

Во турски Киркпинар се одржува 664-от Историски фестивал на пеливанство

СКОПЈЕ (АА) – Во турски Киркпинар, во северозападната област Едрене се одржува 664-то издание на Историскиот фестивал на пеливанството, јавува Анадолу. Традиционалниот натпревар започна вчера во Сарајичи, каде што 36 пеливани (борачи)

Израелски медиуми: Израел доби одговор од Хамас на предлогот за прекин на огнот, се дискутираат деталите

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Израел го добил одговорот на Хамас на новиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, а во тек се разговори за деталите, објавија израелските медиуми доцна
Go toTop