Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

November 14, 2025
1 min read

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот. Тестот ќе биде достапен за сите здравствено осигурени трудници, без дополнителни трошоци.

Според Величе Николова, специјалист медицински лаборант во Клиничката болница – Штип, со воведувањето на овој тест установата поставува нов стандард во грижата за бремените жени.

– За прв пат во КБ Штип се воведува БЕНЕТЕЧ тест – пренатален скрининг. Болницата го покрива целиот источен регион и секоја трудница со државно здравствено осигурување може да го направи овој тест. Се работи за брз, безболен метод, за кој е потребно само земање венска крв, изјави Николова.

Појасни дека трудниците треба да донесат упат од матичен гинеколог и ехо-преглед на плодот. Тестирањето ќе се изведува секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот.

Од болницата истакнуваат дека ова претставува значаен чекор напред во пренаталната дијагностика и обезбедува поголема сигурност и навремена информација за здравјето на плодот. Медицинскиот тим уверува дека процесот е едноставен, брз и целосно безбеден.

Со воведувањето на овој тест, велат од болницата, се отвора ново поглавје во заштитата на мајките и бебињата, а се очекува сè поголем број идни мајки да ја искористат оваа можност за посигурна бременост.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Следно

Бројот на жртви од рускиот напад врз Киев се зголеми на шест, а 35 лица се повредени

Latest from Blog

Да се одржи партнерството со Унгарија, следен клучен сојузник Полска, порача Димовски

Политизацијата на надворешната политика и сведувањето на клучните државни прашања на дневни партиски препукувања е сериозен ризик за македонските национални интереси – порача Илија Димовски во дебатната емисија „Директно“ на Телма. „Кај

ТРАГЕДИЈА КОЈА ГО АЛАРМИРА СВЕТОТ: „ChatGPT“ му дал насоки за самоубиство на тинејџер

Шеснаесетгодишно момче извршило самоубиство откако од вештачката интелигенција „ChatGPT“ побарало совет за „најсигурниот“ начин да си го одземе животот, беше соопштено за време на судската истрага. Лука Чела Вокер, ученик во приватно
Go toTop